Достапни линкови

Збогум сиромаштијо – Во Виница зеле плата од 100 денари


Илустрација
Илустрација

Сите 102 вработени во виничкото Јавно комунално претпријатие си поделиле 10200 денари како плата за мај, односно 100 денари по човек. Да имала фирмата уште 180 вработени, сите заедно ќе изваделе една просечна плата. Во синдикатот велат дека платата ќе биде дополнително исплатена.

Вработените во Јавното комунално претпријатие Солидарност од Виница ја добиле мајската плата – ни помалку ни повеќе, цели 100 денари. Тоа значи дека сите 102 вработени зеле 10.200 денари. Збогум сиромаштијо, може и ќе можат да тргнат нешто настрана. Испратете разгледница од Миконос и полека со шопипнгот, се шегуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Од овие пари може да се извади плата само ако се уплати лото со нив. Вака ни јаже не може да купиме сами, забележуваат иронично други.

Градоначалникот на Виница и директорот на јавното претпријатие не се огласија во јавноста. Синдикатот информира дека претпријатието имало толку пари и тие им се исплатени на вработените за да не останат без здравствено осигурување. За денеска очекуваат средба со градоначалникот и со директорот за да најдат начин за подмирување на обврските.

Владата во меѓувреме се пофали дека просечната плата постојано расте и се доближува до 500 евра.

Од Синдикатот на виничкото јавно претпријатие неофицијално велат дека сметката на фирмата е празна поради тужбите од сегашни и поранешни вработени кои стигнале за наплата. Се работи за сума од седум милиони денари. Тужбите се за период од последниве десет години за непочитување на колективниот договор - неисплата на К-15 и отпремнини.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG