Новото оружје, ракета со мал дијаметар со лансирање од земја (GLSDB), ќе и овозможи на украинската војска да погодува цели на двојно поголема оддалеченост од ракетите што сега ги истрелува од артилерискиот ракетен систем со висока мобилност (HIMARS) доставен од САД.
Естонија ќе купи американски артилериски систем ХИМАРС
Доколку се вклучи како што се очекува во претстојниот пакет помош за оружје што го објави Ројтерс, оваа ракета ќе ги стави на дофат сите линии за снабдување на Русија на истокот од земјата, како и дел од окупираниот од Русија, Крим.
Ова ќе ја принуди Русија да ги премести своите залихи уште подалеку од првите линии на фронтот, што ќе ги направи нејзините војници поранливи и значително ќе ги и ги искомплицира плановите за секоја нова офанзива.
„Ова може значително да го забави [рускиот напад]“, вели Андриј Загородњук, поранешен министер за одбрана на Украина.
„Како што HIMARS значително влијаеше на текот на настаните, овие ракети би можеле уште повеќе да влијаат врз текот на настаните. GLSDB е ГПС-водена бомба која може да маневрира за да погоди тешко достапни цели како што се командни центри.
Направен заеднички од SAAB AB и Boeing Co, тој ги комбинира GBU-39 Small Diameter Bomb (SDB) со ракетниот мотор М26, од кои и двата се вообичаени во залихите во САД. Сè уште не е компатибилен со HIMARS, но САД ќе ѝ дадат на Украина нови лансери за ракетите, велат изворите.
GLSDB би можел да биде испорачан уште оваа пролет, според документот во кој Ројтерс имаше увид.
Ранливи линии за снабдување
Кога Соединетите држави првпат испратија системи HIMARS во јуни, тие испорачаа ракети со домет од 77 километри. Ова беше голем поттик за украинската војска, дозволувајќи и да ги уништи руските депонии за муниција и капацитетите за складирање оружје.
Москва: САД подготвуваат милитанти да ја нападнат Русија
Штом Украина ги има новите ракети, велат воените експерти, Русија ќе треба да ги оддалечи своите резерви уште подалеку.
„Во моментов не можеме да стигнеме до руските воени објекти оддалечени повеќе од 80 километри“, изјави украинскиот воен аналитичар Олександр Мусијенко, додавајќи:
„Доколку можеме да стигнеме до нив практично до руската граница, или во окупираниот Крим, тогаш секако дека тоа ќе го намали напаѓачки потенцијал на руските сили“.
Клучно, Украина наскоро ќе може да стигне до секоја точка од окупираната копнена рута до Крим преку Бердианск и Мелитопол. Тоа ќе ја принуди Русија да ги пренасочи своите камиони за снабдување на мостот на Крим, кој беше тешко оштетен во нападот во октомври.
„Русија го користи Крим како голема воена база од која испраќа засилување за своите војници на јужниот фронт. Да имавме муниција со дострел од 150 километри би можеле да го достигнеме тоа и да ја нарушиме логистичката врска со Крим“, рече Мусијенко.
Надвор од логистичкото влијание, давањето на оружје со поголем дострел во арсеналот на Украина може да помогне да се разниша руската доверба.
Том Карако, експерт за оружје и безбедност во Центарот за стратешки и меѓународни студии, оценува дека иако Украина ќе има корист од оружје со уште поголем дострел, GLSDB е „навистина важен чекор за да им даде на Украинците подолг дофат и да ги задржи Русите во нивните подготовки“.
Без ATACMS – се уште
За администрацијата на Бајден, одлуката да се испрати GLSDB во Украина претставува чекор кон исполнување на побарувачката на Украина за ракетата од 297 километри од армискиот тактички ракетен систем (ATACMS), која администрацијата досега одбиваше да ја обезбеди, плашејќи се од натамошна ескалација на конфликтот.
Наведуваните-ракети, иако не се толку моќни, се многу поевтини, помали и полесни за распоредување од ATACMS, што ги прави добро прилагодливи за голем дел од она што Украина се надева да го постигне: спречување на руските операции и создавање тактичка предност. Сепак, вели Карако, можно е Украинците да добијат оружје со уште поголем дострел во иднина.
Телефонските канали меѓу НАТО и Русија остануваат отворени
„Постојано гледавме и слушавме дека американската администрација вели оти ќе оди до одредена точка, но не и подалеку. Потоа, како што ситуацијата се влоши, администрацијата најде потреба, всушност, да оди понатаму.
Таков беше случајот со HIMARS, ракетниот одбранбен систем Патриот и со тенковите Абрамс, сите првично забранети за Украина пред администрацијата да заврши со одобрување на пратките“, вели Карако.
Според Загородњук пак, фокусот сега ќе биде врз тоа колку брзо новите ракети можат да пристигнат во Украина „Ако забрзаат...ова може огромно да ја промени ситуацијата на бојното поле“, оценува тој.