Достапни линкови

Дали системот Патриот може да го промени текот на војната во Украина?


Ракетните системи Патриот
Ракетните системи Патриот

Големо внимание предизвикаат вестите дека САД се согласија да испратат Патриот во Украина, нешто што претседателот Зеленски го бараше со месеци за одбрана на неговата земја. Но, експертите предупредуваат дека ефективноста на системот е ограничена и дека можеби нема да ја промени играта во војната.

Ракетните системи Патриот долго време се посакуван противракетен штит особено во спорните области во светот. Во Европа, Блискиот Исток и Пацификот, тие претставуваат сигурен чувар од потенцијални напади од Иран, Сомалија и Северна Кореја. Што е системот и што прави:

Што е Патриот?

„Патриот“ е ракетен систем за наведување земја-воздух, кој првпат беше распореден во 1980-тите и може да цели на авиони, крстосувачки и балистички ракети со помал дострел.

Секоја батерија „Патриот“ се состои од систем за лансирање монтиран на камион со осум фрлачи кои можат да држат до четири ракетни пресретнувачи, копнен радар, контролна станица и генератор. Армијата соопшти дека во моментов има 16 баталјони Патриот.

Американски војник врши проверка на батерија за противракетна одбрана Патриот
Американски војник врши проверка на батерија за противракетна одбрана Патриот

Извештајот на Меѓународниот институт за стратешки студии од 2018 година покажа дека тие баталјони работат со 50 батерии, кои имаат повеќе од 1.200 ракетни пресретнувачи. Американските батерии се распоредуваат низ целиот свет.

Русија: американските ракети „Патриот“ нема да помогнат да се стави крај на конфликтот во Украина

Покрај тоа, ракетите Патриот исто така се купуваат од Холандија, Германија, Јапонија, Израел, Саудиска Арабија, Кувајт, Тајван, Грција, Шпанија, Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Романија, Шведска, Полска и Бахреин.

Системот Патриот „е еден од најшироко управуваните и најсигурните и докажани системи за противракетна одбрана таму“, а способноста за одбрана од балистички проектили може да помогне во одбраната на Украина од балистички ракети испорачани од Иран, вели Том Карако, директор во Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Цената на Патриот

Со текот на годините, системот Патриот и ракетите постојано се менуваа. Сегашната ракета-пресретнувач за системот Патриот чини приближно 4 милиони долари, а фрлачите чинат околу 10 милиони долари секој, објави Меѓународниот институт за стратешки студии.

По таа цена, не е исплатливо или оптимално да се користи Патриот за соборување на далеку помалите и драматично поевтини ирански беспилотни летала што Русија ги купуваше и користи во Украина.

„Истрелувањето на проектил од милион долари кон беспилотно летало од 50.000 долари е голема загуба“, вели Марк Канчијан, пензиониран резервен полковник на Маринскиот корпус и висок советник во Меѓународниот институт за стратешки студии

Грижи околу распоредувањето и тренингот

На батеријата „Патриот“ може да и требаат дури 90 војници за да ја оперираат и одржуваат, а САД со месеци не сакаа да го обезбедат сложениот систем, бидејќи испраќањето сили во Украина за да го управуваат не е прифатливо за администрацијата на Бајден.

Но, исто така, имаше загриженост дека распоредувањето на системот ќе ја испровоцира Русија, или ризикот дека проектилот истрелан може да заврши во внатрешноста на Русија, што може дополнително да го ескалира конфликтот.

Офицери на американската армија шетаат на локација за противракетна батерија Патриот
Офицери на американската армија шетаат на локација за противракетна батерија Патриот

Руското Министерство за надворешни работи предупреди дека планот на САД да испорача софистицирани ракети за противвоздушна одбрана на Украина ќе биде „уште еден провокативен потег на САД“ и тоа би можело да предизвика одговор од Москва.

Според официјални лица, итните молби на украинските лидери и разорното уништување на цивилната инфраструктура во земјата, како што зимата се одолговлекува, на крајот ги надминаа резервите на САД за снабдување со Патриот. Клучна пречка ќе биде тренингот.

Американските трупи ќе мора да ги обучуваат украинските сили како да го користат и одржуваат системот. Војниците доделени на баталјоните на Патриот добиваат обемна обука за да можат ефикасно да лоцираат цел.

Соединетите држави ги обучуваа украинските војници за други комплексни системи за оружје, вклучително и за артилериските ракетни системи со висока мобилност, познати како ХИМАРС.

Во многу случаи тие беа во можност да ја скратат обуката, извлекувајќи ги украинските војници на борбениот фронт за неколку недели. Официјални лица одбија да дадат детали за тоа колку долго ќе трае обуката на Патриотите и каде точно ќе се прави.

Способностите на Патриот

Украина се соочува со низа руски закани, а Патриот е добар против некои, а не толку корисен против други. Еден поранешен висок воен функционер со познавање на системот Патриот рече дека тој ќе биде ефикасен против балистички ракети со краток дострел и претставува силна порака за поддршка на САД, но една батерија нема да го промени текот на војната.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека една батерија Патриот има долг дострел, но може да покрие само ограничена широка област.

Како пример, „патриотите“ можат ефективно да заштитат мала воена база, но не можат целосно да заштитат голем град како Киев. Тие можат да обезбедат покриеност само за дел од градот.

Ракетниот одбранбен систем Патриот, Словачка, 6 мај 2022 година
Ракетниот одбранбен систем Патриот, Словачка, 6 мај 2022 година

„Патриотите“ често се распоредуваат како баталјон, кој вклучува четири батерии. Ова нема да биде случај со Украина, за која властите велат дека ќе добие една батерија. Патриот има помоќен радар кој е подобар од системот С-300 од советската ера што го користеа Украинците, но има ограничувања, велат и Карако и Канчијан.

Сепак, способноста на „Патриот“ да гаѓа некои балистички ракети и авиони може потенцијално да го заштити Киев доколку рускиот претседател Владимир Путин ја спроведе својата постојана закана за распоредување тактичко нуклеарна оружје. Но, тоа ќе зависи од тоа како е доставено оружјето, рече Карако.

Полска предлага дополнителни системи „Патриот“ на границата со Украина

„Ако се работи за гравитациска бомба испорачана од воен авион, системот би можел да го таргетира леталото; ако се работи за крстосувачка или балистичка ракета со краток до среден дострел, таа, исто така, би можела да ја пресретне ракетата“, вели Карако.

Рејтеон, кој го произведува Патриот вели дека системот може да пресретне до 150 балистички ракети. Стапката на успех на Патриот, сепак, постојано е доведена во прашање.

Извештајот на Канцеларијата за одговорност на Владата од 1992 година вели дека не може да најде докази за поддршка на извештаите дека системот постигнал стапка на успех од 70% против ракетите Скад во Заливската војна.

Во 2018 година, успехот на Саудиска Арабија во користењето на „Патриот“ против ракетите испукани од бунтовниците Хути во Јемен беше доведен во прашање кога се појавија видеа од дефекти на системите. Но, надвор од можностите на Патриот, неговото распоредување е голема работа за поддршка за Украина. „Има многу симболика овде“, оценува Канчијан.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG