Достапни линкови

Гушкање Албанци и Курто и Мурто


Илустрација: Гушкање
Илустрација: Гушкање

Изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека Албанци во Гостивар го гушкале и му кажувале дека ќе гласаат за неговата партија предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Изборите се за шест месеци, но кампањата е во полн ек.

Партиските лидери договорија брзи избори, ама дури за шест месеци. Партиските карвани почнаа да ја обиколуваат Македонија, дигиталните лепачи на плакати се активираа на социјалните мрежи, а голем дел од оние на кои веќе им е преку глава и од избори и од неисполнети ветувања со потсмев гледаат на растрчаноста на партиските активисти.

По студениот туш во Брисел, власта тврди дека е на прав пат, додека опозицијата најавува обнова на Македонија. Сепак, се чини дека социјалните мрежи се арена за црна кампања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција рече дека на изборите очекува поддршка од сите етнички заедници и оти Албанци го гушкале во Гостивар.

На тоа одговори премиерот Зоран Заев, кој веројатно смета дека гушкањето Албанци е негово ексклузивно право.

Тоа очигледно го налути гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, па на Фејсбук одговори, почестувајќи го Заев со нов прекар – Мурто Амнестија.

Изјавата ја коментираа и дел од вработените во владините служби за односи со јавност.

Оние, пак, кои го почувствуваа „полициското гушкање“ за време на Шарената револуција бараат од СДСМ да не ги злоупотребува.

Гушкањето Албанци стана хит на социјалните мрежи.

Премиерот Зоран Заев, пак, е е мета на критики за неисполнетите ветувања – и за евроинтеграции и за одговорност за криминалите.

Во огромен број се оние на кои им е преку глава од „Курто и Мурто“.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG