Германските лево-центристички социјалдемократи (СПД) освоија тесна победа пред владејачкиот конзервативен блок предводен од Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел, ЦДУ/ЦСУ, на парламентарните избори во најголемата европска економија.
Парламентарни избори за наследник на Меркел во Германија
И СПД и ЦДУ/ЦСУ по вчерашните избори тврдат дека добиле мандат за формирање на следната влада, а првичните резултати од гласањето сугерираат долги преговори за формирање коалиција додека Меркел останува на функцијата.
Со оглед на тоа што ниту една голема партија нема мнозинство, се чини дека најверојатно сценарио е владејачка коалиција од три партии со Зелените и про-бизнис партијата Слободни демократи (ФДП).
Првичните резултати покажуваат дека социјалдемократите и нејзиниот кандидат за канцелар Олаф Шолц, вицеканцелар во заминување и министер за финансии добиле 25,7 проценти.
Шолц кој се обиде да се продаде како „кандидат за континуитет“ по Меркел рече дека резултатите се „многу јасен мандат да се обезбеди прагматична влада за Германија“.
Кандидатите за германски канцелар се за силна Европа
Со оглед на тоа што Меркел се пензионираше по 16 години на власт, нејзините конзервативци го доживеаа нивниот најлош национален парламентарен резултат во 76-годишната историја.
ЦДУ/ЦСУ доби само 24,1 отсто гласови. Тоа е за речиси 9 процентни поени пониско во споредба со последните избори во 2017 година. Конзервативците никогаш немале помалку од 30 проценти од гласовите.
Во Германија, гласачите не го избираат директно својот шеф на владата, туку пратениците го избираат кога се формира парламентарно мнозинство во парламентот.
Особено е комплицирано да се формира затоа што треба да собере три партии, што не е видено од 1950 -тите, поради разделбата на гласовите.
„Покер играта започнува“, пишува Дер Шпигел, истакнувајќи дека по гласањето, остануваат отворени основните прашања, како на пример кој ќе биде канцелар и која коалиција ќе владее со земјата во иднинa.
Во Германија, само политичките партии преговараат за формирање нова влада. По претходните избори во 2017 година, сегашната голема коалиција беше формирана само шест месеци подоцна, што доведе до политичка парализа во Германија, особено околу европските прашања.
Aрмин Лашет, кандидат за канцелар на ЦДУ/ЦСУ и актуелен премиер на Северна Рајна-Вестфалија, кој Меркел го опиша како „градител на мостови“, кој направи многу за да го изгради европското единство, по гласањето рече дека првичните резултати се разочарувачки, но дека тој сепак ќе се обиде да ја формира следната влада.
Меркел во проштална посета на Франција и средба со Макрон
Зелените имаат околу 15 проценти, а ФДП 11,5 проценти. Две други партии најверојатно нема да влезат во следната влада. Ултралевичарската партија Ди Линк има околу 4,9 проценти, со што е нејасно дали ќе има доволно гласови за да го помине прагот за влез во парламентот.
Крајно десничарската Алтернатива за Германија повторно ќе влезе во парламентот со предвидена поддршка од околу 10,5 проценти, но сите други партии ја отфрлија можноста за коалиција со оваа партија.
Додека СПД и ЦДУ/ЦСУ би можеле да се обидат да ја повторат нивната „голема коалиција“, двете страни со години не се задоволни од односите и сугерираа дека ќе бараат нова формација во владата.
Тоа значи дека и Лашет и Шолц ќе им се додворуваат на Зелените и Слободните демократи ФДП, двете партии со големи разлики во политиката околу прашања како што се оданочувањето, социјалните програми и климатските промени.
Кандидатот за канцелар на Зелените Аналена Бербок, инсистира на тоа дека „климатската криза ... е водечкото прашање на следната влада, и оти за нив е основа за какви било разговори“.
Во меѓувреме, лидерот на ФДП, Кристијан Линднер, сугерира дека пред да започнат преговорите за коалиција, неговата партија мора да постигне договор со Зелените.
И покрај големата популарност Меркел, гласањето на 26 септември се претвори во слободна трка за сите, со блокот предводен од нејзината Христијанско-демократска унија без левоцентристичките социјалдемократи, помладиот партнер во актуелната коалициска влада.
Во кампањата доминираа прашања како што се климатските промени, пензиите, даноците и минималната плата. Други главни прашања беа високите трошоци за домување, образованието, здравствената заштита и миграцијата.
Надворешната политика не беше тема во кампањата во која доминираа домашните прашања.
Меркел од Тирана: Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за членство
Конзервативците водеа во анкетите, но нивната поддршка опадна во услови на погрешни чекори во кампањата на Лашет и внатрешни расправии меѓу либералните и конзервативните крила на ЦДУ/ЦСУ, што се појавија кога Меркел објави дека ќе се пензионира.
Како илустрација на тоа колку лошо помина ЦДУ/ЦСУ покажува и резултатот дека изборната единица на Меркел во нејзината родна држава Мекленбург-Западна Померанија ја освоија социјалдемократите.
По долгогодишно губење поддршка, СПД неочекувано почна да го зголемува рејтингот во анкетите во текот на летото.
Кој и да стане канцелар, ќе му биде тешко да ги облече чевлите на Меркел, која ги предводеше Германија и Европа низ серија предизвици, со што го доби прекарот „Кризната канцеларка“.