Кога првпат положи заклетва во 2005 година, таа речиси ги загуби изборите од канцеларот Герхард Шредер со нејзината амбициозна агенда за либерален пазар.
16 години подоцна Германија ќе гласа помеѓу продолжување на начинот на кој владееше Меркел и неговото менување.
Ултимативен водич низ германските избори
„Сега мислам дека луѓето бараат личност на која можат да ѝ веруваат како што тоа беше со Меркал пред 16 години“, вели биографот на Меркел, Ралф Болман, додавајќи:
„Порано имаше реклама за една банка: Живејте ги вашите животи, ние ќе се грижиме за останатото“... и тоа може да важи и пред сегашните избори“.
Есента 2008 година, кризата на американскиот пазар на недвижности го достигна и германскиот банкарски сектор.
Извештаите дека сѐ поголеми суми на готови пари се повлекуваат од шалтерите на германските банки ја принудија Меркел да го направи своето прво појавување како кризен менаџер.
Нов старт на односите меѓу Грција и Германија?
Таа даде лична гаранција дека германските штедни влогови се безбедни. „Во финансиската криза во 2008 година без сомнение, таа го најде својот пат во улогата на кризна канцеларка“, вели Болман.
Но, улогата на Меркел како менаџер за кризи сѐ уште беше тешка за неа. Кога во 2010 година финансиската криза се разви во европска должничка криза Меркел не сакаше да го преземе водството во европската сеопфатна политика за стабилизација. Не го стори тоа поради предизборната кампања за парламентот во Северна Рајна-Вестфалија и таа ги избегна дебатите за државните гаранции во трицифрен број милијарди.
До 2012 година, Меркел се прегрупираше и го присвои европскиот план за спасување како меѓупартиски проект на нејзиното канцеларство. „Европа пропаѓа кога еврото ќе пропадне. Европа победува кога победува еврото. Еврото победува кога создаваме унија за стабилност“, рече тогаш Меркел.
Меркел призна грешки во справувањето со мигрантите
До летото 2015 година, должничката криза со еврото сѐ уште ја држеше германската политика, но тука беа и сириската војна и огромниот број бегалци што се појавија на границите на ЕУ и кои направија длабоки расколи и во Германија и во Унијата.
Ангела Меркел се стави во првите редови на германската култура на добредојде. Таа ги следеше своите лични политички склоности без да ги земе предвид изборните тактики.
Меркел се позиционираше со невообичаено јасни зборови против ксенофобичните напади и се бранеше од критиките дека е премногу пријателска со бегалците.
Канцеларката охрабри многу илјадници помошници кои се грижеа за пристигнатите бегалци низ целата земја, велејќи: „Ние можеме да го направиме тоа“.
Но, следната криза имапе уште поконкретно влијание врз животот на Германците. Пандемијата на коронавирусот влезе во секоја област од јавниот, економскиот и приватниот интерес на граѓаните.
Канцеларката го стави сиот свој научен авторитет во обидот да создаде општествен консензус. „Сериозно е, сфатете го ова сериозно. Уште од Втората светска војна немало ваков предизвик за нашата земја, каде што толку многу зависи од нашето заедничко дејствување и солидарност“, порача Меркел.
Пандемијата ја намали популарноста на партијата на Ангела Меркел
Но, за прв пат, за Германците не беше доволно она што им го порачува Меркел. Во пандемијата, сите беа загрозени. Со мерките за велигденските празници, Меркел сакаше да преземе иницијатива на федерално ниво и не успеа.
Во своето обраќање Меркел тогаш изјави: „Грешката мора да биде именувана како грешка и, пред сѐ, мора да се поправи. И ако е можно, тоа мора да се направи навремено. Сепак, јас сум свесна дека целиот овој процес предизвикува дополнителна неизвесност. Длабоко жалам и за тоа барам прошка од сите граѓани“.
Пандемијата сѐ уште не е завршена и за прв пат во повоената историја на Германија, Бундестагот ќе биде избран без канцелар кој бара уште еден мандат. Сите гласачи се соочуваат со прашањето на кого можат да му веруваат по Меркел.
„Што се однесува до Христијанско демократската унија историско е достигнувањето на Меркел да ја зачува како една од последните силни традиционални партии на десниот центар во Европа досега“, вели Ралф Болман, додавајќи:
„Младата министерка од кабинетот на Кол со децении се држеше на чело на нејзината Христијанско демократската унија водејќи ја надвор од периодите на патријархатот и национализмот. Како канцеларка за кризи, таа успеа“.
Изборите во Германија внимателно го следат западните сојузници. Ако анкетите се покажат како точни, конзервативците на Меркел се насочени кон нивниот најлош резултат во повоената германска историја, потенцијално фрлајќи сенка врз наследството на Меркел.
Таа ќе се повлече по изборите, иако ќе остане на функцијата за време на коалициските преговори.
Кандидатите за германски канцелар се за силна Европа
Се очекува изборите да дадат голем број коалициски опции. Премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија Армин Лашет кој е кандидат за канцелар од партијата на Меркел веќе рече дека дури и ако заврши на второто место, ќе се обиде да ја спои Унијата со Зелените и Слободните демократи.
Но, Зелените сигнализираа дека им е поудобно да управуваат во коалиција со левоцентристичките социјалдемократи кои за свој кандидат за наследник на Меркел го имаат министерот за финансии и вицеканцелар Олаф Шолц.
Последните анкети покажаа дека Шолц на СПД го задржа своето водство со 25 проценти поддршка, додека Лашет ја намали разликата малку на 23 проценти. Зелените ја зголемија предноста на 16,5 проценти, што им даде реални шанси да станат помал коалициски партнер во следната влада.