По поразот од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, Заев поднесе оставка
Премиерот Зоран Заев си поднесе оставка, откако опозициската ВМРО–ДПМНЕ победи на локалните избори во повеќе општини, меѓу кои и во градот Скопје. Премиерот Заев најави дека ја презема целата одговорност и си поднесе оставка од премиерската функција и од партиската позиција претседател на СДСМ.
Мицкоски – Најдобро би било власта да си замине на предвремени парламентарни избори
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција во партиското седиште прогласи убедлива победа на локалните избори и рече дека почнуваат промените за подобра Македонија. Тој рече дека е најдобро власта да си замине на предвремени избори.