Достапни линкови

Од властите се очекуваат услови за подобра туристичка сезона


Илустрација. Преспанско езеро.Туризам.
Илустрација. Преспанско езеро.Туризам.

Властите побргу да донесат мерки за ублажување на падот на туризмот поради пандемијата и да започнат со подготовките за новата летна сезона, велат туристичките работници. Инсистираат да се направат договори со земји кои  традиционално се најпосетувани дестинации.

На чекор од летната сезона туристичките работници кои имаат намера да ги планираат аранжманите за македонските туристи надвор од земјава укажуваат дека има нејснотии со вакцинацијата, епидемиолошката состојба, и условите под кои ќе може да патуваат македонските туристи .

Европската Комисија го усвои предлогот од јуни во европските земји да се воведат дигитални сертификати за патување со докази за вакцинација, но има и поинакви примери.

Па така оваа година, граѓаните на Србија ќе можат да патуваат во Грција со потврда дека биле вакцинирани со каква било вакцина против коронавирусот или со негативен ПЦР или брз тест за антиген.

До ова доаѓа откако Србија и Грција постигнаа договор српските туристи да можат годинава да ја посетуваат Грција.

Мирче Пешевски претстваник на туристичка агенција во Скопје предлага да се направат договори со потенцијални земји кои традиционално се посетувани дестинации од нашите туристи за да можат агенциите и патниците да бидат сигурни дека ќе можат да влезат во тие земји од регионот и дека ќе нема откажувања како лани кога ескалираше пандемијата.

"Во разговор со нашите партнери од Србија и од Грција разбравме дека ЕУ оставила простор за билатерални договори за одење во земји кои начелно имаат интерес да прифатат туристи во поголем број од земји кои не се членки на ЕУ, како што е случајот со земјава и други земји од Балканот. Разликата е дека кај нас не се направени такви чекори или нам не ни се подделени како информација, дека се бара од наша страна да се регулира тој статус кој би бил се надевам поповолен од оној официјалниот, а тоа е дека ЕУ бара пасош за вакцинирани граѓани", вели Пешевски.

Според предлогот што го усвои Европската комисија дигиталниот сертификат за патувања за време на пандемијата, ќе важи само за вакцини чијашто ефикасност е утврдена од Европската агенција за лекови. Сепак, се остава можност земјите-членки на ЕУ индивидуално да прифаќаат сертификати за други вакцини. Со употреба на дигитални сертификати од јуни, отворена е можноста државјаните на трети земји, вклучувајќи го и Западен Балкан, да бидат снабдени со овој документ кога патуваат.

Нашиот соговорник Пешевски меѓутоа вели дека ќе имаме малку вакцинирани до почетокот на сезоната, со оглед дека оваа недела почнува масовната имунизација.

"Бројките на вакцинирани кај нас се симболично во однос на вкупниот број на жители вклучително и со оние бројки на граѓани што се вакцинираат во Србија. Бројката на македонските туристи која порано се остваруваше од 150 до 200 илајди не е можно да се обзебеди со принципот на вакцинирање. Особено што неделниот капацитет е од 4000 до 50000 вакцинирани што значи дека не може да се стигне воопшто до почетокот на сезоната да се стигне до значителни бројки на вакцинирани граѓани", вели Пешевски.

Дел од туристички дестинации кои се надвор од ЕУ, а во кои патуваат македонските туристи пак имаат малку полиберален однос на докажување дека некој не е потенцијално заразен со корона вирус, па се бара само негативен ПСР тест или тест за присуство на антитела или доказ за прележана болест, додека Македонија и тоа не го бара од туристите.

Една од земјите во кои патуваат македонските туристи е Туција каде од неодамна се бара негативен ПСР тест. Но, Пешевски очекува тој тест да не се бара летово, како што тоа беше лани кон крајот на летната сезона. Според него тоа може да придонесе повеќе граѓани да отидат на летување во таа земја.

Меѓутоа само 1 процент од македонските турисити се определуваат з а летување во Турција.

Од туристичките агенции велат дека традиционално најмногу или над 60 проценти од летувањата на македонските туристи се остваруваат во Грција.

Пешевски потсетува дека лани поради пандемијата многу аранжмани кои беа неискористени се одложуваат за оваа сезона, дополнувајќи дека не треба да си дозволиме како земја и оваа година да пропаднат парите за аранжманите што лани ги уплатија македонските туристи и агенциите.

Сепак се поизвесно е дека некои од тие аранжмани повторно ќе бидат доведени во прашање.

" Од тој аспект сметам дека би требало овој период да се поттикнаат процесите во туризмот била з а тие што сакаат да дојдат или оние кои имаат желба да отпатуваат повеќе да се ангажираат нашите претставници во министерството за економија и владата да се направат договори кои ќе обезбедат одредена безбедност и з а земјата домаќин, но и за нашите туристи за да може да отидат на одмор по апстиненција од година и половина", вели Пешевски.

Министерот за економија Красник Бектеши меѓутоа посочи дека земјава директно не преговара со Грција за да можат нашите граѓани годинава да одат на одмор во соседна Грција.

"Интерес на секоја држава е што повеќе туристи да има дома, а тоа е и цел на Министерството за економија. Затоа ќе продолжиме да ги спроведуваме мерките за поттикнување на странските туристи да престојуваат во земјава, но истовремено да ги поттикнеме нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации" рече Бектеши.

Туристичкиот сектор бара бесплатни ПЦР тестови за странски гости

За барањето на туристичките работници пак да се обезбедат бесплатни ПЦР тестови за странските туристи кои ќе дојдат да ја посетат земјава, Бектеши рече дека како институции имаме доволни капацитети да го овозможиме тоа и ја повика опозицијата да ги деблокира сите закони во Собранието поврзани со економската помош за справување со последиците од пандемијата.

Како помага државата?

Љупчо Јаневски од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот вели дека подготовките за претстојата летна сезона се започнати.

Тој кажа дека Агенцијата заедно со Швајцарската амбасада ќе изработи спотови со кои ќе ги промовираат стандардите за безбедност но и на Македонија како безбедна туристичка дестинација.

"Отпочнуваме со промовирање од 1 април на нашата дестинација во 7 до 8 земји претежно од опкружувањето во кои ќе се потрудиме, со сите мерки и стандарди, а се надеваме и со попуштањето на пандемијата, да имаме туристи од Косово, Албанија, Турција, Србија Бугарија и Полска" вели Љупчо Јаневски, дополнувајќи дека е најавен лет од Варшава з а Скопје како и обновување на воздушната линија Варшава- Охрид.

Минатата сезона Македонија имаше голем пад во туризмот поради пандемијата. Беше регистриран намалување од 14 проценти на домашни туристи, но имаше пад од 70 проценти на странски посетители.

Според очекувањата на Јаневски оваа летна сезона ќе биде во благ пораст во споредба со 2020, додавајќи дека се надева вакцинацијата да вроди плод и кај нас и во регионот.

Тој вели дека регионот како никогаш досега си е потребен еден на друг, потсетувајќи дека во 2019 година од вкупниот број остварени посети 49 проценти од туриситите биле од регионот.

Министерството за економија пак информираше дека веќе ги завршиле сите преговори за добивање на печатите „Safe travels“ кои се вид потврда дека нашите туристички капацитети и државата како дестинација се безбедни за посета и престој на туристи.

Има уште најмногу два месеца да се спроведе целиот процес кој подразбира, пред се, носење и примена соодветни хигиенско-здравствено-безбедносни пртоклоли врз основа на кои потоа се добиваат и печатите.

„Safe travels“ е глобален безбедносен печат со кој се признаваат протоколите за сигурно, безбедно патување на некоја дестинација.

Досега ваквите пртоколи и печати од лани се имплементирани во Хрватска, Црна Гора, Бугарија, БиХ, Англија, САД, региони од Австрија.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG