Достапни линкови

Вие коментирате - „Терористи или уставобранители“


Протест во Скопје за ослободување на затворените за „27-ми април“
Протест во Скопје за ослободување на затворените за „27-ми април“

Протестот за слобода на осудените за упадот во Собранието, интервјуто со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и резултатите од анти-ковид мерките се најкоментираните теми од читателите на РСЕ.

„Какви бранители кога влегоа да убиваат луѓе. Сѐ беше испланирано од Грујо кој како последна џ... ги остави на цедило и нив и неговата фамилија и избега со милијарди. Уставобранители??!“ – пост на Дамјан Даме.

„Долу криминалната Влада. Слобода за уставобранителите. Македонија вечна на Македонците“- три поста на Софи Софи.

„Од другата недела че протестираат дека бројките на заразени од ковид биле високи... по секоја цена за пуста власт, па макар и здравјето на луѓето“ – пост на Ванчо Коде.

Неколку илјади луѓе протестираа за ослободување на осудените за „27 април“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

На оваа линија се движат реакциите на посетителите на нашата ФБ страница по информациите за протестите пред Владата и Собранието за ослободување и нов судски процес за осудените и затворените по крвавите настани во Собранието на 27 април пред 4 години.

Реџеп Зенели постирал: „Тие беа терористи не уставни бранители, тие напаѓаа државни пратеници и катастрофа е да се протестира за терористи“.

Буда Стоилковска, пак, извикува: „Слобода за уставобранителите, никогаш Северна само Македонија!“ И Павлина Цветкоска-Ѓошеска е против власта: „Идиоти“, терористи се Зајко, а не народот“.

Има неколку забелешки на информациите на нашиот медиум во врска со бројноста на демонстрантите. Љупчо Маркоски напишал: „Радио Слободна Европа, тие неколку илјади се 20 000“, а Баже Ѓоргиевски довикува: „Алооо, неколку илјади или неколку десетици илјади протестираа, сменете, воведот ви е лажен“.

Исмо Халили, пак, напишал со иронија: „Македонија и сѐ е можно... Венко е крив... ќе бараме после оставка од Венко“. И Ален Б Асани прашува: „Дистанца каде е, ќе видите од утре натаму зголемување на бројот новозаразени“. Драган Цветковиќ со заклучок: „Ова ќе прерасне во традиција да се протестира за ʼуставобранителитеʻ на секои 4 години, а што ќе биде кога ќе им истечат годините затвор, ќе заврши една убава традиција и ќе се бара друга причина за протести.

Ако покрај толку проблеми во државата ова е најбитниот проблем за опозицијата, тешко на граѓаните дека наскоро нешто ќе тргне кон подобро“. Бобан Попоски вели: „Браво Македонци, терористите се во влада“.

Редовното неделно интервју на РСЕ е со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој покрај другото вели: „Предвремени избори за надминување на кризата“. Мисајловски исто така вели дека „власта нема такво мнозинство како што сака да прикаже бидејќи секој ден нема кворум за работа на Собранието“. Соња Данева веднаш со прашање: „А вашата банда каде е? Зема дневници и плати да работи, а не да се крие по ходниците на Собранието...“ и завршува со непримерни зборови. Петар Дамјанов коментирал: „Пет години правите сѐ за таа криза, ама не успевате“, а Адем Липовица како да додава: „Криза не се надминува со тие што ја донесоа“. Вердин Волчевски со споредба: „ Џабе си земате плата оти ниеден нема разумни решенија, само препукувања и тресење глупости мешани со инаетот, а важно е дека така мислите дека ќе дојдете на власт“.

Мисајловски - Власта потфрли во набавката на вакцини
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:12 0:00


Министерот Венко Филипче на својот ФБ профил напиша дека состојбата со епидемијата бележи надолен тренд и дека мерките дадоа резултати, но сепак апелира да нема групирање за претстојните празници и кршење на мерките за заштита. Исмо Халили коментира: За Бајрам и Велигден ќе ни забраните да ги правиме верските обичаи, да идеме во џамија и црква...ах, тоа е кога народот сме глупи, 30 години ве вртиме во круг... сите партии сте исти“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG