Откриено е дека вакцината предизвикува заштитни антитела и Т-клетки кај постарите возрасни групи, пишува весникот, повикувајќи се на извори запознаени со испитувањата.
Податоците, врз основа на резултатите од таканаречените крвни тестови за имунитет покажаа дека вакцината генерирала „робустен имунолошки одговор“ кај група здрави возрасни лица на возраст меѓу 18 и 55 години.
Но, Фајненшл тајмс предупредува дека позитивните тестови за имунитетот не гарантираат дека вакцината на крајот ќе се покаже безбедна и ефикасна и кај постарите луѓе.
AstraZeneca, која ја развива вакцината со истражувачи од Универзитетот Оксфорд, се смета за фаворит во трката за производство на вакцина за заштита од ковид-19.
Деталите за откритието се очекува да бидат објавени наскоро.
Шефот на истражувачкиот тим на Универзитетот Оксфорд, Адријан Хил изјави дека првите две фази беа успешни, и оти вакцината е безбедна.
Тој најави дека пациентите со тешки симптоми на ковид-19 ќе можат примат вакцина до Божиќ оваа година и оти лекот треба да биде лиценциран до почетокот на 2021 година.
„Оваа година сакаме да добиеме одобрение за таканаречената употреба во итни случаи. Ова значи дека можеме да дадеме приоритет на вакцинирање на пациенти со висок ризик “, рече Хил, додавајќи дека милиони дози на вакцина веќе се произведуваат ширум светот, па затоа нејзината дистрибуција не треба да претставува проблем.
Тој предвидува дека ситуацијата со коронавирусот може да се смири до крајот на следната пролет.
СЗО: над 170 земји во меѓународниот систем за вакцини COVAX
Благодарение на вакцинацијата, луѓето во тоа време ќе имаат доволен колективен имунитет.
Вакцината од Оксфорд ќе се состои од две дози што пациентите ќе ги примаат во текот на четири недели.
Супстанциите што ги содржи, му помагаат на телото да создаде антитела и ги зајакнува лимфоцитите. Ова значи дека белите крвни клетки се подготвени да го уништат секое ткиво што ќе се зарази.
Во септември имаше пауза во испитувањата во доцната фаза на експерименталната вакцина на AstraZeneca поради необјаснета болест кај учесник во Британија.
Тоа доведе и испитувањето во САД да биде ставено во мирување. Пациентот вклучен во испитувањето, наводно, страдал од невролошки симптоми поврзани со ретко спинално воспалително нарушување, наречено попречен миелитис.
AstraZeneca, со седиште во Кембриџ, соопшти дека не може да открие дополнителни медицински информации.
Испитувањата потоа беа обновени во Велика Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија. Притоа беше наведено дека контролорите на безбедноста му препорачале на британскиот орган за регулирање на лековите оти е безбедно да продолжат британските испитувања.
Владите ширум светот се очајни за вакцина која ќе помогне да се стави крај на пандемијата, која предизвика на над милион смртни случаи и глобални економски превирања.
Водечките развивачи на вакцини во САД и Европа ветија дека ќе ги почитуваат научните стандарди за безбедност и ефикасност за нивните експериментални вакцини и дека нема да се поклонат пред политичките притисоци за брзање на процесот.
Меркел: Пандемијата може да се влоши во наредните месеци
Во меѓувреме, Германија, според весникот Билд, се подготвувала да започне вакцинација против коронавирусот пред крајот на годинава.
Билд наведува дека Министерството за здравство побарало од 16 сојузни држави да достават можни адреси на центрите за вакцинација до 10 ноември.
Германскиот министер за здравство Јенс Спан претходно изјави дека германски BioNTech е близу до добивање одобрение за својата вакцина.
Во Соединетите држави пак, демократскиот кандидат за претседателските избори Џо Бајден деновиве дека ако биде избран за претседател, вакцината за коронавирус ќе биде „бесплатна за сите“, како дел од неговиот национален план за борба против пандемијата.
„Штом имаме безбедна и ефикасна вакцина, таа треба да биде бесплатна за сите, без разлика дали сте осигурани или не“, рече Бајден.
Актуелниот претседател Доналд Трамп, кој според анкетите е зад Бајден, исто така сака идната вакцина против вирусот, која би можела да биде готова во следните недели, да биде бесплатна.