Бес поради видеото кое прикажува полициска бруталност во Иран
Амнести интернешенел го повика Советот за човекови права на ОН да ја истражи полициската бруталност во Иран, откако на интернет се појави видео на кое се гледа како безбедносните сили тепаат човек, го прегазуваат со мотор, а потоа пукаат во него. Тоа се случува во време на смртоносно задушување на протестите ширум земјата што избувнаа во септември поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше приведена поради наводно прекршување на исламскиот кодекс на облекување.