На ФБ страницата на РСЕ дефинитивен рекорд во коментари и постови предизвикала информацијата дека познатата Аја Софија во Истанбул од музеј добива нова функција – џамија. Статусот од верски објект, инаку, е променет со указ во 1934 година на тогашниот турски претседател, Мустафа Кемал Ататурк. Тони Богдановски веднаш реагирал: „Ердоган контра Ататурк“, но Тони Адетски напишал: „Конечно некој да ги среди г... на Ататурк!“ Боше Милошески реагира на овој пост: „... Луѓе, не пишувајте нешто само за да го пишете, смешно е“. Емран Ипе постирал: „Македонски народ: свој леб јаде, туѓо гајле бере“, а Дарко Блажевски жали поради ваквите коментари: „Луѓето во 21 век работат на колонизација на Марс, развиваат технологии за хибридно лечење на болести, ја измислија Тесла технологијата и тн. и тн... а ние се секираме за нешто што не е во наш домен на разбирање“.
И потпишан со Шеки Личина со слична реакција: „Гледам тука сѐ ʼвернициʻ коментираат... Добро напишал некој: Заради верата се мразиме и караме и убиваме, а нејќеме по верски прописи да живееме!“ Дејан Кехагиас со краток пост: „Дечки, не е сам Ердоган во ова!“
И по информацијата за бурните демонстрации во Белград против најавениот подолг полициски час минатиот викенд поради зголемениот број новозаразени од корона вирусот, има прилично многу коментари на посетители на нашата ФБ страница кои сметаат дека се вмешани надворешни фактори.
Свето Синадиновски вели: „Абе каков ковид, овде имаш дел од пропала опозиција на Џилас и Јеремиќ, имаш ултрадесничари кои се против договор со Косово, па антивакцинери и противници на 5 џи, ...имаш и платеници од други земји, имаш членови на навивачки групи од Сплит, како пеат песни на тимот Хајдук, уапсени Израелци, Украинци, Руси...“ Христијан Спировски причините за незадоволството на белграѓани го наоѓа во власта: „Абе не може по 20-мина пред изборен ден, па после 300, 400, ете кај е гневот и истиот им е оправдан во буквална смисла“. И Љубо Обочки има слично мислење: „...Вучиќ претера во изживување, малтретирање, крадење и лажење на народот... сите ф...и се исти“.
Унгарија од вторник на полноќ ги затвора границите за граѓаните на повеќе земји од Западен Балкан, со зголемен број заразени од Ковид-19, меѓу кои и од Македонија, но не и од Србија. Сотир Петров прашува: „А од Србија? Или Орбан сака да увезе ковид-19 српско производство“. Потпишан со Лисичани Едо со пост: „Браво, тоа е ЕУ. Сега сите комшии на море во Турција, после одма ќе ги отворат границите за сите“. Влатко Мицевски, пак, се исчудува: „Кој оди во Маџарленд, јас тоа се чудам“.
Избега и Владимир Панчевски, разрешениот и веќе поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1, од полицијата велат дека го бараат на повеќе локации, а Дејан
Секуловски препорачува: „На Халкидики нека го побараат“. Цобе Наумовски прашува: „Во Будимпешта проверивте....?“ Љупчо Пинтовски со свое толкување: „Полицијата под команда на Чулев трага за да не го најде бегалецот судија...“