Достапни линкови

Амазон гори, светот во опасност


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, без да наведе докази, ги обвини невладините организации за наглото зголемување на пожарите во Амазон годинава. Според него, тие сакале да му наштетат на Бразил. Експертите пак. велат дека пожарите ќе имаат штетни последици врз глабалната животна средина.

Бразилската федерална агенција за набудување на шумите соопшти дека во Амазон годинава имало рекорден број на пожари, над 74.000.

Тоа претставува зголемување од 84 проценти во однос на истиот период минатата година.

Пожарите во Амазон опасност за светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Болсонаро кој ја презеде претседателската функција во јануари годинава за ова ги обвинува невладините организации.

„Пожарите во Амазон, според мое разбирање, би можеле да бидат интензивирани од невладините организации, затоа што тие губат пари, а со намера да донесат проблеми во Бразил“.

Болсонаро, кој се заканува дека ќе го напушти Парискиот договор за климата, и претходно ги напаѓаше еколошките непрофитни групи, сметајќи ги за пречка во неговата потрага за развој на економскиот потенцијал на земјата, вклучително и во заштитените подрачја.

Камила Веига, НВО активистка вели:

„Неговиот говор е многу неодговорен. Тој мора да го докаже она што го кажува дека невладините организации предизвикуваат пожари во Амазон. Сите знаат дека таа идеја нема смисла. Организациите работат против климатските промени и за производство на здрава храна и пошумување“.

Претседателот Болсонаро обвини и неколку државни агенции дека манипулирале со податоците за уништување на шумите со цел да се оцрни имиџот на неговата администрација.

Од друга страна Бразил се соочува со меѓународен притисок да ги заштити огромните шуми од нелегална сеча или рударски активности.

Но, експертите велат дека не само Бразил, туку и целиот свет би можело да бидат жртви на прекумерното уништување на шумите, бидејќи тоа може да влијае врз климата, донесувајќи повисоки температури и помалку дожд.

Амазон честопати се нарекува белите дробови на нашата планета затоа што е главен апсорбер на јаглерод диоксид од атмосферата.

Наведувајќи го очигледниот недостаток на посветеност на Бразил во борбата против уништувањето на шумите, Германија и Норвешка решија да задржат над 60 милиони долари наменети за проекти за одржливост на шумите во Бразил.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG