Украинските енергетски гиганти се подготвуваат за одбрана од Русите
Најголемите енергетски компании во Украина ја зајакнуваат својата инфраструктура за да се заштитат од руски напади. Киев предвидува дека Москва повторно ќе ги интензивира нападите врз нејзиниот енергетски сектор со падот на температурите. Говорејќи за РСЕ, украинските енергетски провајдери велат дека изградиле повеќе нивоа на заштита и складирале гас за да помогнат во обезбедувањето на енергетски резерви во текот на студените зимски месеци.