Достапни линкови

Самит на НАТО во Вилнус: приемот на Шведска и аспирациите на Украина за членство


Високи мерки за безбедност во литванската престолнина Вилнус, 11 јули 2023 година
Високи мерки за безбедност во литванската престолнина Вилнус, 11 јули 2023 година

Лидерите на земјите-членки на НАТО на 11 и 12 јули во литванската престолнина Вилнус ќе разговараат за многу теми, меѓу кои доминира приемот на Шведска и напорите на Украина да стане членка на најголемата воена организација. Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг најави поедноставена процедура за прием на Украина во Алијансата.

Иако самитите на НАТО се одржуваат секоја втора година, ова е четврти собир од ваков вид во последните 18 месеци, односно од руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари минатата година. Еден самит веќе се одржа буквално, ден по почетокот на војната во Украина, по што следеа средби во Брисел и Мадрид.

(Не)возможно членство на НАТО во Украина

Ова ќе биде клучната тема на дводневниот самит, бидејќи лидерите на 31 земја-членка на Алијансата ќе разговараат за тоа како ќе ги дефинираат идните односи со Украина, во светло на апелот на претседателот на оваа земја, Володимир Зеленски, да добие покана за членство во Алијансата.

За време на самитот не се очекува да биде издадена покана за членство на Украина, што во процедурите на Алијансата претставува прв чекор кон полноправно членство.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенбег, потврди дека на самитот ќе предложи поедноставен процес за членство на Украина во Северноатлантскиот сојуз.

Тој најави дека ќе предложи укинување на таканаречениот Акционен план за членство, кој вклучува економски и политички реформи што една земја кандидат треба да ги преземе на патот кон членство во НАТО и дека со тоа ќе се поедностави процесот на членство.

„Се прави сѐ за Украина да се приближи до членството во НАТО“, изјави шефот на Алијансата пред почетокот на самитот.

Сепак, се очекува да има несогласувања околу формулацијата во завршниот документ, односно како ќе се пристапи кон овој проблем. Источноевропските земји сметаат дека на Украина треба да и се понуди патоказ.

Западните земји, вклучително и Соединетите Држави и Германија, се повнимателни во врска со потегот што на крајот може да ја доближи Алијансата до војна со Русија.

Зајакнати мерки за безбедност пред самитот на НАТО во Вилнус
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:22 0:00

Непосредно пред најавата на Столтенберг и Велика Британија излезе со предлог да и се дозволи на Украина да ја прескокне програмата на Акционен план за членство. Неколку земји-членки го поддржаа овој предлог, но за време на самитот треба да се најде дефиниција која ќе ги задоволи потребите на сите земји-членки, но и на официјален Киев.

Тоа практично значи дека Украина би добила некаква гаранција дека приемот е можен, но секако по завршувањето на војната.

Надвор од изгледите за членство, лидерите на НАТО се очекува да ветат континуирана воена и финансиска помош за Киев за да ја одвратат Русија од повторно напад по завршувањето на војната.

Шведска ќе стане 32-та членка на НАТО

Темата за Шведска беше практично завршена на 10 јули, во пресрет на самитот на Алијансата, кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласи да ја проследи кандидатурата на Шведска за членство во НАТО до парламентот.

Шведска, заедно со Финска, беа традиционално неутрални земји, но тие побараа прием во Алијансата по руската агресија врз Украина.

Финска стана полноправна членка на Алијансата во април годинава, а приемот на оваа земја ја удвои границата меѓу НАТО и Русија, бидејќи Финска има најдолга гранична линија со Русија.

Иако двете земји аплицираа за прием во исто време, Турција досега го блокираше процесот за членство на Шведска, тврдејќи дека во скандинавската земја се засолнуваат членови на милитантни групи (особено членови на Работничката партија на Курдистан - ПКК) кои Анкара ги смета за терористи.

Состанокот организиран од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтеберг со претседателот на Турција и премиерот на Шведска на 10 јули доведе до пробив и со тоа го отстрани турското вето и ја отвори можноста Шведска да стане идна членка на Алијансата.

Полноправното членство ќе се случи кога сите земји ќе го ратификуваат протоколот за прием.

На состанокот на 10 јули, Ердоган се согласи да го проследи протоколот за пристапување на Шведска до Големото национално собрание на Турција.

Силни безбедносни мерки за време на самитот

Безбедносните мерки во главниот град на Литванија, Вилнус се многу строги.

За безбедност беа ангажирани три противвоздушни единици на германски Патриот, кои беа распоредени да го заштитат местото на средбата.

Дополнителни борбени авиони ќе патролираат на небото на Литванија, која е помеѓу Русија и Белорусија.

Исто така, илјада војници од различни земји на НАТО ќе бидат одговорни за обезбедување на самитот во вторник и среда.

Вонредниот самит е во спротивност со претходниот ритам на годишните самити на НАТО и покажува како војната која е на прагот на земјите членки ја вратила Алијансата во фокусот.

Зајакнување на источното крило на НАТО

Се очекува меѓудругото, лидерите да ги разгледаат првите одбранбени планови на Алијансата, изготвени од членките за прв пат по Студената војна, со детали како НАТО ќе одговори на руски напад.

Заживувањето на таканаречените регионални планови означува суштинска промена. Заедно со плановите, Алијансата им дава на нациите насоки како да ги подобрат своите сили и логистика.

НАТО, исто така, ќе постави повисоки цели за зголемување на резервите на муниција бидејќи Киев ги троши гранатите многу побрзо отколку што можат да ги произведат западните земји, а по повеќе од една година конфликт во Украина, резервите на сојузниците се сериозно исцрпени.

Истовремено, сојузниците ќе покажат дека целта им е да го спроведат договорот за НАТО од минатогодишниот самит во Мадрид, да стават на подготвеност над 300 000 војници, наспроти 40 000 во минатото, за да и се спротистават на Русија.

Зголемување на воените трошоци

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг има за цел да ги постави сегашните воени трошоци на НАТО од 2 отсто од националниот БДП како минимум, а не цел кон која треба да се стреми.

Сепак, во 2022 година, дури и старата цел беше исполнета од помалку од една четвртина од тогашните 30 членки на алијансата, според проценките објавени од НАТО во март.

Целта беше поставена во 2014 година, кога лидерите на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на два отсто од нивниот БДП во рок од една деценија.

Годишниот извештај на НАТО покажа дека Грција, САД, Литванија, Полска, Велика Британија, Естонија и Летонија ја исполниле целта. На дното на листата се Белгија, Шпанија и Луксембург, чии трошоци за одбрана беа под 1,2 отсто од БДП.

XS
SM
MD
LG