Камала Харис нема да се обрати во изборната ноќ
Демократската кандидатка и актуелна потпретседателка на САД, Камала Харис, нема да се обрати во изборната ноќ, соопштија од нејзиниот тим.
„Има уште гласови за борење“, рече Седрик Ричмонд, копретседател на нејзиниот изборен штаб пред поддржувачите собрани на Универзитетот Хауард.
За нејзините гласачи тоа беше знак да си заминат дома.
Од друга стана, пак, нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп се очекува да се обрати пред своите поддржувачи во Палм Бич, Флорида.
Трамп ја однесе победата и во Пенсилванија, според проекциите
Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, победи и во трета од вкупно седумте сојузни држави кои се сметаа за клучни за исходот од американските претседателски избори.
Републиканецот победил во Пенсилванија која му носи 19 електроски гласови, според пренесуваат Ројтерс и Асошиејтед прес.
Претходно, Трамп беше проектиран за победник и во Северна Каролина и Џорџија, кои имаат по 16 електори.
Орбан - меѓу првите со честитка до Трамп
The biggest comeback in US political history! Congratulations to President @realDonaldTrump on his enormous win. A much needed victory for the World!
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) November 6, 2024
На Доналд Трамп, преку социјални мрежи веќе му честитаа македонскиот премиер Христијан Мицкоски, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик и други...