Достапни линкови

Руските власти ја потврдија смртта на шефот на Вагнер, Пригожин


Симпатизери и поддржувачи му оддадоа почит на лидерот на паравоената платеничка група Вагнер Евгениј Пригожин
Симпатизери и поддржувачи му оддадоа почит на лидерот на паравоената платеничка група Вагнер Евгениј Пригожин

Руските истражители соопштија дека по завршувањето на генетските испитувања Пригожин бил меѓу десетмината патници кои загинаа во уривањето на авионот во средата близу Москва.

Смртта на Евгениј Пригожин, шефот на паравоената група Вагнер, по авионската несреќа во средата, е потврдена со формална генетска анализа, објави Рускиот истражен комитет во неделата, 27 август.

Според соопштението на рускиот Истражен комитет, генетското тестирање потврдило дека 10-те тела пронајдени на местото на авионската несреќа северно од Москва претходно оваа недела одговараат на списокот на патници во летот, според кој Евгениј Пригожин, шефот на приватната платеничка група Вагнер, бил патник во урнатиот авион.

„Како дел од истрагата за авионската несреќа во регионот Твер, молекуларните генетски испитувања се завршени“, се вели во соопштението на 27 август, четири дена по несреќата.

Причината за несреќата не е утврдена.

Авион на пат од Москва кон Санкт Петербург се урна во средата, при што загинаа сите десет лица во авионот, соопштија руските власти за вонредни состојби. Кремљ негираше каква било вмешаност во авионската несреќа во близина на Москва.

Пад на авионот, во кој се смета дека бил Пригожин
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:27 0:00

Пригожин и командантот на Вагнер Дмитриј Уткин беа наведени меѓу седумте патници на авионот, соопшти воздухопловната управа. Во авионот имало и двајца пилоти и една стјуардеса, соопшти воздухопловната управа.

Војниците на Вагнер одиграа клучна улога во руската инвазија на Украина, помагајќи да се преземат главните делови од градот Бахмут по речиси 10 месеци интензивни борби. Пригожин изјави дека загинале 20.000 мажи за време на операцијата Бахмут.

Пригожин, некогаш близок сојузник на Путин, започна бунт на 24 јуни по тврдењата дека руската војска убила некои од неговите луѓе во воздушен напад.

Пригожин - Од “готвачот на Путин“ до бунтовен платеник
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:37 0:00

За време на бунтот беше соборен руски воен авион, а вкупно 13 припадници на руските воздухопловни сили беа убиени. Тоа беше најсериозниот предизвик за Путин во неговите повеќе од две децении на власт.

Пригожин не беше уапсен или приведен во тоа време, но Путин го осуди бунтот како „убод во грб“ и вети дека ќе ги казни сите вклучени „предавници“.

XS
SM
MD
LG