Достапни линкови

 
Руската „година на семејството“- војна против абортусот и разводот

Руската „година на семејството“- војна против абортусот и разводот


илустрација
илустрација

Со оглед на тоа што рускиот претседател Владимир Путин ја прогласи 2024 година за „година на семејството“, притисокот беше врз пратениците и локалните самоуправи.

И тие не нè разочараа.

Од засилената кампања против абортус, нови часови за „семејни студии“ за ученици и поголеми пречки за развод, минатата година Русија изврши „инвазија“ на нова територија во нејзината борба за „традиционалните семејни вредности“.

Кампања против абортус

Со децениската демографска криза влошена од огромните загуби во војната во Украина, конфликт што Русија продолжува да го нарекува „специјална воена операција“ - на Кремљ очајно му е потребен „бејби бум“.

Првата половина на 2024 година забележа пад на наталитетот под нивото забележано во 1999 година - последната година од деценијата честопати се опишува како демографското дно на Русија.

Русија долго време користи материјални стимулации за да ги натера граѓаните да имаат поголеми семејства.

Минатата година, тие напори претераа, при што регионалната влада нудеше готовина во различни количини за мајки помлади од 24 години.

Во регионот Челјабинск, студентските двојки добија право на бенефиција од милион рубљи (10 000 американски долари) под услов и двајцата да студираат на високообразовна институција во регионот.

Руските официјални лица си зададоа преголем „залак“, бидејќи понудија повеќе од тоа што можат.

Повеќе од десет руски региони донесоа закони со кои се забранува „принуда на абортус“ во последните месеци, со казни до 100.000 рубљи (нешто помалку од 1000 долари) за лекарите и работодавците на кои им се суди дека принудувале бремени жени на абортус.

Застапниците за човекови права предупредија дека сега се случува спротивното, велејќи дека жените кои ги посетуваат медицинските клиники за да абортираат, сега добиваат совет против таа постапка или откриваат дека постапката постојано се одложува под измислени изговори.

Во исто време, властите ги засилија пораките против абортуси во владините институции и државните универзитети.

Во ноември 2024 година, во кината почна да се прикажува филм кој промовира пораки против абортусот, продуциран од канал поврзан со Руската православна црква. Беа организирани специјални проекции за ученици, студенти и владини службеници.

Сега, многу Руси се загрижени дека повикот на властите за „специјална демографска операција“ (како што ја нарече Нина Останина, шефот на Комитетот за заштита на семејството во Државната дума) може еден ден да кулминира со де факто забрана на абортуси.

Во 2024 година, пратениците предложија да се измени законот за основите на здравствената заштита во Руската Федерација со цел да се вклучат концептите на правата „пред и по раѓањето“.

Закон против „кампањата без деца“

Борејќи се на различен фронт, руската Државна дума во ноември 2024 година донесе закон со кој ќе се казнува „пропагандата-без деца“. Промовирањето на доблестите на доброволното бездетство може да им донесе на организации и поединци казни дп 4000 американски долари.

Новиот закон е сличен на законодавството усвоено во 2022 година со кое се забранува „ЛГБТ пропагандата“, која се надоврза на законодавството од 2013 година кое промовира „традиционални семејни вредности“.

И во март минатата година, Русија го додаде „меѓународното ЛГБТ социјално движење и неговите структурни единици“ (движење што всушност не постои) на својата листа на екстремистички организации.

Обесхрабрување за развод

Како што се намалува наталитетот, разводите очигледно растат. Елена Михајлова, советник во Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВТСИОМ), поддржан од државата, тврди дека во 2024 година биле регистрирани осум разводи на секои 10 нови бракови.

Во септември 2024 година, пратеник од руската владејачка партија „Единствена Русија“, поднесе закон до Државната дума со кој судовите ќе бараат да им дадат тримесечен период на сопружниците кои бараат развод за да се помират и да му наложат психолошки консултации на парот.

Доколку законот се усвои, од паровите ќе се бара и „превоспитување“ во случаи кога имаат малолетни деца или кога едниот брачен другар сака да го зачува бракот, а другиот не.

Тој дел од нацрт-законот е одобено загрижувачки за жртвите на семејно насилство, што останува актуелно во Русија и делумно беше декриминализирано во 2017 година.

Според истражувањето на Конзорциумот на женски невладини организации, најмалку 2284 жени умреле од семејно насилство во 2022-2023 година, а 93 отсто од нив биле убиени од нивните партнери.

Патриотско образование

Во меѓувреме, наративот за „традиционални семејни вредности“ се најде во руските училници.

Постер на рускиот претседател Владимир Путин во едно од училиштата во Русија
Постер на рускиот претседател Владимир Путин во едно од училиштата во Русија

Почнувајќи од септември 2024 година, во училиштата беше воведен нов предмет- „семејни студии“, со мисија да ги научи децата дека „семејството е основата на секоја држава“.

Податоците, сепак, сугерираат дека Русите се подготвени на претпазливост кога станува збор за планирање на семејството. Според економскиот дневен весник „Ведомости“, во првата половина на 2024 година, биле потрошени 19,3 милијарди рубљи или околу 177 милиони долари за контрацептивни средства, што е рекорд во последните пет години.

XS
SM
MD
LG