До 11 часот, гласале 12.78% од избирачите
Според најновите информации од Државната изборна комисија, до 11 часот, гласале 12,78% од запишаните избирачи.
Северна Македонија избира претседател
Мирно и без пријавени неправилности се одвива првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија, на кои граѓаните гласаат за еден од седумтемина кандидати за Претседател на државата.
До 11:00 часот, правото на глас го искористиле 12, 78 отсто од граѓаните или 229 417 гласачи од вкупниот број на регистрирани гласачи. Поголема излезност е забележана во Демир Капија (24%) и Градско (20%), помала во општините Боговиње (5%) и Маврово Ростуша (4,5%), а најмала во Студеничани (3,82) отсто.
Од Државната изборна комисија (ДИК) соопштија дека гласачките места биле отворени навреме, иако на некои избирачки места се појавиле технички проблеми. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, вели дека истите биле тековно решавани.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, изјави Даштевски. Поопширно ТУКА
МВР: Мирен изборен ден со одредени нерегуларности
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека изборниот ден се одвива мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Сепак како што изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на некои места биле регистрирани одредени неправилности.
„Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач“, изјави Ангеловски. Целата информација ТУКА