До 13 часот одзивот на гласачи е 24,92 проценти
Гласањето на сите избирачки места се одвива мирно, а одзивот на гласачите до 13 часот, на првиот круг од претседателските избори изнесува 24,92 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на прес конференцијата во 13:30 часот.
Право на глас до 13:00 часот оствариле 417 170 граѓани.
Најголем одзив е забележан во општината Новаци (42,87) отсто, а најмал во општината Врапчиште (10,18) проценти.
Првиот круг претседателски избори - мирен со незначителни проблеми
На гласачките места во Скопје, кои ги посетивме во текот на денот, изјаснувањето на граѓаните со право на глас се одвива без проблеми. Тоа го потврдија и претставници на избирачките одбори и граѓаните. Затекнавме и странски набљудувачи. Гласачките места се затвораат во 19 часот.
Мирен изборен ден, пријавени неколку нерегуларности
На првиот круг од претседателските избори, до 13:00 часот, правото на глас го искористиле 24, 92 отсто од граѓаните. Гласачките места беа отворени навреме, иако некои се соочија со технички проблеми. Во изборната трка има седум кандидати.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности на сите избирачки места, иако на одредени места имало технички проблеми, кои како што рече, биле тековно решавани.
И од Министерството за внатрешни информираа дека изборниот ден се одвива мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Сепак портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше за одредени неправилности кои биле регистрирани на некои гласачки места.
Целиот извештај за досегашниот тек од гласањето можете да го прочитате ТУКА
Според податоците на веб страницата на Државната изборна комисија, до 15 часот својот глас на претседателските избори го дале 35% од граѓаните со право на глас. Гласале 534 988 граѓани.
Најголем одзив е забележан во општините Новаци (57,69) отсто и Крива Паланка (51,92) проценти, а најмал во општините Маврово-Ростуше (17) отсто и Центар Жупа (13, 11)отсто.