Достапни линкови

Гласање прв круг

Претседателски избори - прв круг

Седми претседателски избори во Република Северна Македонија. Седуммина кандидати во трка за претседателската функција. За победа во првиот круг е потребно некој кандидат да освои мнозинство од вкупниот број запишани избирачи. Во вториот круг одат двајцата кандидати со најмногу освоени гласови.

  • На сите гласачки места се гласаше од 7 до 19 часот
  • Вкупно има 3480 избирачки места во целата земја
  • Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
  • Изборите ги следеа 915 домашни набљудувачи, 544 меѓународни, и 58 странски новинари
  • Излезноста беше над 48%
  • Немаше посериозни нарушувања на гласањето
  • МВР информираше за одредени неправилности на некои гласачки места
  • Гордана Сиљановска Давкова е во убедливо водство пред Стево пендаровски, според првичните резултати на ДИК
10:07 24.4.2024

ДИК: До 9:00 часот гласале 3,85 отсто од граѓаните

Гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности на сите избирачки места, а започнато е на сите избирачки места, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. На неколку места биле пријавени технички проблеми, за кои претседателот на ДИК вели дека се решаваат во од.

„Пристигнати се податоци за излезност на гласачите од 832 избирачки места од вкупно запишани 402 748 гласачи. На овие избирачки места гласале 15 487 односно 3,85 отсто од гласачите“, нагласи Даштевски.

10:59 24.4.2024

Гласањето на претседателските избори - мирно и без проблеми

Видео репортажа од гласачки места во Скопје

Гласањето на претседателските избори - мирно и без проблеми
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

11:37 24.4.2024

Одзивот на претседателските избори, а потоа, по 19 часот, и резултатите, можете да ги следите на интернет страницата на Државната изборна комисија на следниов линк https://rezultati.sec.mk/mk/pres/t2

12:00 24.4.2024
Инфографика - Ова ми е прво гласање - Која е процедурата?
Инфографика - Ова ми е прво гласање - Која е процедурата?

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG