Достапни линкови

Пред и по разорните дејства во Газа

Сателитските снимки објавени на 26 октомври од Maxar Technologies споредуваат различни локации пред и по израелските воздушни напади како одговор на нападот на Хамас претходно овој месец, покажувајќи уништени структури и терен.

Повеќе од 6.500 луѓе се убиени во израелски напади, соопшти во средата Министерството за здравство во Појасот Газа, управуван од Хамас.

Израел го бомбардираше Појасот Газа додека се подготвува за копнена инвазија, за која вели дека има за цел да ја уништи палестинската милитантна група Хамас.

Во опколената Газа, хуманитарните резерви беа критично ниски бидејќи светските сили не успеаја да се договорат за затишје во гранатирањето за доставување помош, а жителите ги закопуваа мртвите во масовни гробници додека растеше бројот на цивили.


Категории

XS
SM
MD
LG