Низ слики: Незаборавни олимписки моменти од нашите региони
По завршувањето на Летните олимписки игри 2024 во Париз на 11 август, РСЕ повторно оживува некои од најнезаборавните моменти на спортистите од регионите каде има свои сервиси и бироа...

1
Викторија Кесар од Украина се натпреваруваа во скокови од отскочна штица од 3 метри за жени на 7 август.
Околу 11.000 врвни светски спортисти се собраа во Париз за да се натпреваруваат на Летните олимписки игри 2024 што се одржаа од 26 јули до 11 август.
Околу 11.000 врвни светски спортисти се собраа во Париз за да се натпреваруваат на Летните олимписки игри 2024 што се одржаа од 26 јули до 11 август.

2
Узбекистанката Дијора Келдијорова (лево) и Косовката Дистриа Красниќи во финалето во женско џудо до 52 килограми на 28 јули. Келдијорова го освои златниот медал.

3
Сребрениот медалист Жоан-Бенџамин Габа од Франција (лево), златниот медалист Хидајат Хејдаров од Азербејџан и бронзениот медалист Адил Османов од Молдавија позираат на подиумот по финалниот меч во џудо до 73 килограми на 29 јули.

4
Лаша Бекаури од Грузија слави откако го победи Јапонецот Санширо Мурао во финалето за мажи до 90 килограми во екипната конкуренција во џудо на 31 јули.