Низ слики: Незаборавни олимписки моменти од нашите региони
По завршувањето на Летните олимписки игри 2024 во Париз на 11 август, РСЕ повторно оживува некои од најнезаборавните моменти на спортистите од регионите каде има свои сервиси и бироа...

5
Хуберт Кос од Унгарија слави по освојувањето на златниот медал во финалето на 200 метри грбно за мажи на 1 август.

6
Бронзените медалисти Алишер Јусупов од Узбекистан (лево) и Темур Рахимов од Таџикистан слават откако се натпреваруваа во џудо во категоријата +100 килограми за мажи на 2 август.

7
Авганистанската спринтерка Кимија Јосуфи покажува рачно напишана парола на која пишува „Образование, спорт, наши права“ откако стигна до целта на 100 метри на 2 август. Талибанската влада, која не им дозволува на жените образование и спорт откако се врати на власт во август 2021 година, изјави дека не го признава учеството на женските членови на олимпискиот тим на Авганистан на игрите во Париз.

8
Унгарецот Кристоф Милак за време на трката на 200 метри пеперутка за мажи на 30 јули. Милак го освои златниот медал на 100 метри пеперутка за мажи на 3 август.