Низ слики: Незаборавни олимписки моменти од нашите региони
По завршувањето на Летните олимписки игри 2024 во Париз на 11 август, РСЕ повторно оживува некои од најнезаборавните моменти на спортистите од регионите каде има свои сервиси и бироа...

9
Новак Ѓоковиќ од Србија ја прегрнува ќерката Тара откако го победи Шпанецот Карлос Алкараз во финалето во тенис во сингл за мажи на 4 август.

10
Лаша Бекаури од Грузија доби херојски пречек додека тој и неговите соиграчи во џудо пристигнуваат на аеродромот во Тбилиси на 4 август. Грузискиот џудо тим освои еден златен и два сребрени медали на Олимписките игри во Париз, а Бекаури го заработи второто олимписко злато.

11
Иранецот Амин Мирзазаде го носи на раменици Азербејџанецот Сабах Салех Шаријати, по мечот во грчко-римски стил за борачи до 130 килограми во кој Шаријати освои бронзен медал на 6 август.

12
Јарослава Махучих од Украина го слави освојувањето на златниот медал во финалето во скок во височина за жени на 4 август.