Низ слики: Незаборавни олимписки моменти од нашите региони
По завршувањето на Летните олимписки игри 2024 во Париз на 11 август, РСЕ повторно оживува некои од најнезаборавните моменти на спортистите од регионите каде има свои сервиси и бироа...

13
Меерим Жуманазарова од Киргистан позира со својот сребрен медал на 6 август. Жуманазарова победи во женска конкуренција во борење слободен стил до 68 килограми.

14
Гашим Магомедов од Азербејџан слави по победата во полуфиналниот меч во таеквондо до 58 килограми кај мажите против Вито Дел Аквила од Италија на 7 август. Магомедов освои сребрен медал во поразот од јужнокорејскиот Парк Тае-џун.

15
Мохамадхади Сарави од Иран слави со својот тренер откако го победи Ерменецот Артур Алексанијан за време на нивниот финален натпревар во грчко-римски стил до 97 килограми за мажи на 7 август.

16
Иранецот Алиреза Мохмадипиани (долу) и Украинецот Жан Белениук во полуфиналниот натпревар во грчко-римски стил за мажи до 87 килограми на 7 август. Белениук освои бронзен медал на 8 август.