Достапни линкови

Зошто Олимпијадата во Франција е голем безбедносен предизвик?


Еден од мостовите на реката Сена од кој луѓето ќе го следат отворањето на Олимписките игри, Париз, 16 јули 2024
Еден од мостовите на реката Сена од кој луѓето ќе го следат отворањето на Олимписките игри, Париз, 16 јули 2024

Овие Олимписки игри нема да се отворат традиционално со церемонија на стадион, туку со шесткилометарска парада на Сена. Но, поради безбедносни причини подготвени се и две алтернативни сценарија. За време на Олимпијадата, Париз ќе го обезбедуваат околу 45 000 полицајци и други безбедносни сили

Париз ќе биде домаќин на годинешните Олимписките игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август, односно на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември.

Меѓународниот олимписки комитет во септември 2017 година му ја додели на Париз организацијата на Олимписките игри кога, неговиот единствен конкурент, Лос Анџелес, се согласи да чека уште четири години за тој да биде домаќин.

Париз досега два пати беше домаќин на Олимпијада, а сегашните ќе се одржат 100 години по последните игри одржани во француската престолнина во 1924 година.

Поглед на Париз и Ајфеловата кула, 10 јули 2024 година
Поглед на Париз и Ајфеловата кула, 10 јули 2024 година

Каде ќе се одржуваат Игрите?

Игрите ќе се одржат на 35 локации низ Париз, регионот Ил-де Франс, континентална Франција и прекуокеанските територии.

Некои значајни места за спортските натпревари ќе бидат стадионот кај Ајфеловата кула (одбојка на песок), Паркот на принцовите (фудбал), стадионот на Ролан Гарос (бокс и тенис), „Стад де Франс“ (атлетика и рагби)…

Стадионот „Стад де Франс“ ќе биде центарот за атлетика, 25 јуни 2024 г.
Стадионот „Стад де Франс“ ќе биде центарот за атлетика, 25 јуни 2024 г.

Кои спортови ќе дебитираат на Игрите?

Своето деби на Олимпијадата во Париз годинава ќе го има дисциплината брејкинг - станува збор за натпреварување во брејкденс кое комбинира уметност и танц со акробатски движења.

Тука, исто така, за првпат се и скејтбордингот, спортското качување и сурфањето.

Квалификации за брејкденс за претстојните Олимписки игри, Будимпешта, Унгарија, 23 јуни 2024 година
Квалификации за брејкденс за претстојните Олимписки игри, Будимпешта, Унгарија, 23 јуни 2024 година

Откако го имаше своето деби на Олимписките игри во Токио 2020 година, каратето е еден од четирите спортови кои организаторите не ги препорачаа за претстојните Игри.

Бејзболот и софтболот не се вклучени во Париз 2024 година, но ќе се вратат на Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година.

Кога е свеченото отворање на Олимпијадата?

Церемонијата на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз 2024 година е на 26 јули во 19:30 часот (по средноевропско време).

Наместо традиционалната церемонија која досега се одржуваше на стадион, Франција планира шесткилометарска парада на реката Сена, која ќе заврши кај Ајфеловата кула.

Околу 300.000 луѓе ќе ја следат церемонијата од брегот на Сена, а обезбеден е и ТВ пренос.

Има ли олимпизам во Сараево, 40 години по најдобрите игри дотогаш?
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:24 0:00

Кои се безбедносните ризици и како тие можат да влијаат на церемонијата на отворање?

Конфликтот на Блискиот Исток и во Украина, како и заканата од напади, ја принудија француската влада да го подигне прашањето за безбедноста на највисоко ниво оваа година.

Околу 45 000 полицајци и припадници на безбедносните сили ќе го обезбедуваат главниот град на Франција за време на Игрите. Ќе имаат и дополнителна помош од неколку илјади странски безбедносни службеници.

Франција ќе распореди 35 000 безбедносни агенти и војници за да го обезбедуваат свеченото отворање од безбедносни закани, вклучително и од напади со беспилотни летала, изјави претходно министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин.

Зголемено присуство на жандармеријата на улиците во француската престолнина, 16 јули 2024 година
Зголемено присуство на жандармеријата на улиците во француската престолнина, 16 јули 2024 година

Францускиот претседател Емануел Макрон во април изјави дека подготвиле алтернативи за одржување на церемонијата за отворање на Олимпијадата на Сена, доколку тоа го налагаат безбедносните околности.

Една опција, рече Макрон, би била церемонијата да се ограничи на плоштадот Трокадеро во Париз со поглед на Ајфеловата кула, додека друга би била да се премести на стадионот „Стад де Франс“.

Кремљ ги отфрли тврдењата дека Русија злонамерно ги таргетира Олимписките игри, нарекувајќи ги целосно неосновани.

Дали Русија учествува на Олимпијадата?

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Меѓународниот олимписки комитет првично препорача забрана за меѓународни натпревари за спортистите од Русија и од нејзиниот сојузник Белорусија. Но, подоцна им дозволи да се квалификуваат како неутрални учесници.

Секој квалификуван спортист се проверува од тричлена комисија формирана од Меѓународниот олимписки комитет, а со цел за да се осигури дека исполнува одредени услови.

Меѓу условите се спортистот да не ја поддржува војната во Украина и да не бил ангажиран во ниту една воена или безбедносна агенција.

Руските и белоруските спортисти не можат да учествуваат во екипните натпревари, но им е дозволено како неутрални поединци - без истакнување на нивните знамиња и химни. Тие се исклучени од учество на церемонијата за свеченото отворање на Олимпијадата.

Русија ги осуди ограничувањата како дискриминаторски и го обвини Меѓународниот олимписки комитет за учество во „заговор“ заедно со Украина.

Според руската државна новинска агенција РИА Новости, Олимпискиот комитет на Русија платил обесштетување на 245 спортисти кои не ги исполниле условите за учество во натпреварите.

XS
SM
MD
LG