Стотици спортисти и спортистки во Украина се убиени во руската инвазија. Некои од елитните спортисти на Украина можеби ќе беа на пат на Олимпијадата во Париз денес, доколку Русија не ја започнеше својата инвазија во 2022 година. Еве профили на некои од оние кои нема да патуваат во Франција за Олимписките игри од 26 јули до 11 август.
Володимир Андрошчук (2001 - 2023)
Десетобоецот најпрво се издигна како член на репрезентацијата на Украина до 18 години. Во 2019 година, тој го освои првенството на Украина до 20 години во десетобој, а во 2020 година ја претставуваше Украина на европскиот натпревар до 20 години, пласирајќи се на шестото место.
Андрошчук, наводно, се подготвувал да се натпреварува за Олимпијадата во 2024 година, но го напуштил тој сон по инвазијата во 2022 година, за доброволно да се бори. Тој служел во нападна група и бил убиен во близина на Бахмут во јануари 2023 година.
Еден пријател им рече на новинарите на неговиот погреб дека „Вова беше многу талентиран спортист и имаше супер карактер за тоа. Не можеш да постигнеш ништо во спортот без карактер, а тој имал се што е потребно за да победува на натпреварите“.
Максим Галиничев (2000 - 2023)
Боксерот победи во својата класа по тежина на Европското првенство за млади во 2017 година, а потоа го освои второто место и на Летните младински олимписки игри 2018 и на Европското првенство до 22 години во 2021 година. По целосната руска инвазија, тој ја ставил својата спортска кариера во мирување и доброволно се пријавил како војник.
Галиничев беше убиен во акција во областа Луганск во Украина во март 2023 година, оставајќи зад себе сопруга и 3-годишна ќерка. Во едно интервју од 2021 година, младиот спортист рече дека негови најголеми мотиватори биле „желбата да им обезбеди иднина на неговите деца и да го направам своето семејство гордо со него“.
Халина Перехудова (2008 - 2022)
Чудото во кревање тегови го освои златото во својата тежинска класа на Украинското првенство до 17 години во 2021 година на само 13 години. Таа беше кандидат за националниот тим на Украина во кревање тегови, цел кон која активно работеше.
Кога започна целосната руска инвазија, нејзиниот тренер Ихор Обухов, кој ја тренираше во Бахмут, се сеќава дека ја сретнал на автобуската станица во источниот град. Перехудова му рекла дека иако нејзиното семејство е во Мариупол, таа се надева дека ќе отпатува кај нејзината баба во Киев.
Обухов, кој и самиот се упатил кон главниот град на Украина, вели: „Размислував да ја земам со мене“, пред да пристигне автобусот што тргна кон Мариупол и девојката да се качи. Таа, наводно, била убиена заедно со нејзината мајка од гранатирање додека руските сили го опколиле Мариупол.
Олександар Пиелишенко (1994 - 2024)
Кревачот на тегови Олександр Пиелишенко (во центар) беше двократен европски шампион и се натпреваруваше на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, пласирајќи се на четвртото место во својата тежинска категорија. Во 2018 година, тој беше суспендиран од натпреварување, откако беше позитивен на тестот за забранета супстанција.
Тој се пријави да се бори во првите денови на руската инвазија во 2022 година и беше убиен во неодредена област на фронтот во мај 2024 година.
Јевхен Малишев (2002 - 2022)
Биатлонецот учествуваше на Зимските младински олимписки игри 2020 година, а потоа потпиша договор со украинската војска истата година. Тој беше испратен на фронтот да го брани Харкив по руската инвазија во 2022 година и загина во битка таму на 1 март 2022 година, една недела пред неговиот 20-ти роденден.
На руските и белоруските тимови нема да им биде дозволено да се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз, но малите контингенти од поединечни спортисти од земјите ќе настапуваат како „неутрални“ спортисти. Правилата поставени од Меѓународниот олимписки комитет бараат „да не се истакнуваат или пеат знаме, химни, бои или какви било други идентификации“ на двете земји вклучени во инвазијата на Украина.
Русија, наводно, нема да ги емитува Олимписките игри во Париз, во потег сличен на бојкотот на Советскиот Сојуз на Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 година.