Средба на Лавров со актуелниот и со идниот претседавач на ОБСЕ, објави руската амбасада
Амбасадата на Руската Федерација во Скопје објави фотографија од средба на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи како сегашен претседавач со ОБСЕ и министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг, како иде претседавач со Организацијата.
Амбасадата на Руската Федерација во Скопје објави фотографија од средба на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи како сегашен претседавач со ОБСЕ и министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг, како иде претседавач со Организацијата. Видете повеќе овде
Министрите на Србија и БиХ - Ивица Дачиќ и Елмедин Конаковиќ
На потпишувањето на изјавата за борба против корупцијата на маргините на министерскиот совет на ОБСЕ српскиот министер Ивица Дачиќ рече дека корупцијата е и таму каде што се парите, алудирајќи на Западот, а неговиот босански колега Конаковиќ се почегува на сметка на својата земја.
Продолжува Министерскиот совет на ОБСЕ
Денеска продолжува Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) кој се одржува во Скопје.
Според најавите на последниот ден од состанокот треба да се одржат три придружни настани на тема „Млади и граѓанско општество“, „Се работи за луѓето - влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“ и „Зачувување на плурализмот – безбедност на жените новинарки“.
Се очекува прес-конференција да одржи и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. За целиот текст кликнете тука
Лавров нема да присуствува на завршницата од Советот на ОБСЕ
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, нема да присуствува на завршницата на 30-иот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. Шефот на руската дипломатија ќе одржи прес-конфереција, после која ќе замине од Македонија.
На завршницата од 30-иот министерски состанок на ОБСЕ треба да се потврди претседателството на Малта за 2024 година и да се пополнат четирите главни позиции во Организацијата.
Лавров учествуваше на состанокот иако неколку дена пред почетокот беше неизвесно неговото доаѓање во Скопје, поради санкциите кон Русија. Неговото вчерашно обраќање на состанокот беше бојкотирано од дел од делегациите на земјите-членки на ОБСЕ, а тој го обвини Западот дека работи на штета на Организацијата.