Лавров се сретна со унгарскиот министер Сијарто на маргините на состанокот на ОБСЕ
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се сретна со неговиот унгарски колега, Петер Сијарто, на маргините на министерскиот совет на ОБСЕ во Северна Македонија, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Лавров разговараше и со ерменскиот министер за надворешни работи, Арарат Мирзојан.
Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ е посветен на антикорупцијата и теренските операции во 2023. Учествуваат министри за надворешни работи или високи претставници на 57 држави членки. Доаѓањето на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, е причина за недоаѓање на шефовите на дипломатиите на Украина и на балтичките земји.
Генералната секретарка на ОБСЕ уверува дека и покрај сите предизвици, ОБСЕ постигнува конкретни резултати
ОБСЕ има клучни инструменти за безбедност и станува релевантна и за безбедноста на Евроазија, порача генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид на денешниот Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.
Генералната секретарка на организацијата рече дека и понатаму ќе бараат поддршка во Украина и за демократските институции во земјите членки. Во обраќањето на Министерскиот совет, таа се осврна и на борбата против трговијаta со луѓе, потсетувајќи дека во светот има 25 милиони жртви на трговија со луѓе, а најголем дел од сторителите не се казнуваат. За целиот текст кликнете овде.
Каума: Не смееме да останеме слепи при очигледната агресија и насилство на Русија врз Украина
Граѓаните во Северна Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи и најдобро ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ, посочи денеска во своето обраќање претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Пиа Каума, на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.
Таа потенцираше дека влијанието на руската агресија врз Украина останува во фокусот на целиот регион.
„Суровоста и страдањата на украинскиот народ се во фокусот на нашето внимание. Не смееме да останеме слепи при очиглендата агресија и некоректното насилиство на Русија врз Украина. ОБСЕ се соочува со повеќе предизвици“, рече Каума.
Шаленберг: Потребата од ОБСЕ во иднина ќе биде сѐ поголема
Шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, пред почетокот на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, изјави дека целосно ги разбира украинските пријатели кои одлучиле да не присуствуваат на состанокот, во знак на протест кон присуството на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
„Верувам дека ова е се уште Организација што ни е потребна и верувам дека во иднина потребата од ОБСЕ ќе биде сѐ поголема, а не помала.“, рече Шаленберг во Скопје.