Достапни линкови

Курти не ги исполнува барањата на САД и ЕУ за смирување на кризата на Косово


Косово, Лидерите на Холандија и на Луксембург, Марк Руте и Ксавиер Бетел на прес конференција со косовскиот премиер Албин Курти.
Косово, Лидерите на Холандија и на Луксембург, Марк Руте и Ксавиер Бетел на прес конференција со косовскиот премиер Албин Курти.

Американскиот Стејт департмент бара од Владата на Косово да ги исполни барањата на САД и меѓународните партнери за деескалација на ситуацијата на северот, се вели во соопштението на оваа институција за Радио Слободна Европа (РСЕ) на 4 јули. Тие барања, се додава, го вклучуваат и предлогот од Европската унија (ЕУ) за решавање на кризата во три точки.

Додека секојдневно пристигнуваат повици за „итна деескалација“ на ситуацијата на северот на Косово, политичкиот аналитичар Имер Мушколај од Приштина смета дека „притисоците“ на меѓународната заедница не даваат резултати и оценува дека треба да се смени пристапот кон изнаоѓање решение.

Од друга страна, Игор Марковиќ од невладината „Актив“ смета дека меѓународната заедница „го губи трпението“ и дека наскоро од нив може да се очекуваат поконкретни чекори.


Западните земји главно го обвинуваат косовскиот премиер Албин Курти за кризата на северот на Косово од крајот на мај кога албанските градоначалници со помош на полицијата се обидоа да влезат во нивните канцеларии во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Тогаш ЕУ и САД побараа од Курти да исполни три услови: повлекување на специјалната единица од општинските згради на северот на Косово, распишување нови избори на северот на Косово и градоначалниците Албанци да работат од алтернативни локации во во меѓувреме.

Премиерите на Холандија и Луксембург Марк Руте и Ксавиер Бетел, на 4 јули, по средбата со Курти во Приштина оценија дека овие барања се најдоброто решение за смирување на тензиите.

Но, Владата на Косово досега не направи ништо за да ги исполни.

Ќе попушти ли Курти под притисок?

Нема да има решение доколку ЕУ како посредник во дијалогот (Косово и Србија) не понуди други креативни предлози, оценува аналитичарот Имер Мушкољај.

Против Косово беа преземени мерки затоа што не направи чекори кон деескалација, а некои од нив се: привремен прекин на работата на органите на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, недобивање покани за настани на високо ниво, а билатерални посети ќе бидат суспендирани, освен оние кои имаат за цел решавање на кризата на северот на Косово.


Мушкољај смета дека овие казнени мерки не се ефективни „бидејќи не придонесуваат за изнаоѓање решение“.

„Нема да има решение доколку ЕУ како посредник во дијалогот (Косово и Србија) не понуди други креативни предлози“, вели тој.

Мушкољај вели и дека кризата може да продолжи и во наредните недели доколку ЕУ инсистира на овие барања за деескалација на ситуацијата.

Кој е одговорот на Курти?

Косовскиот премиер Албин Курти на 4 јули по средбата со колегите од Холандија и Луксембург изјави дека сака добрососедски односи со Србија, но дека за такво нешто е неопходна имплементација на Договорот за нормализација на односите.

Овој договор беше постигнат на крајот на февруари врз основа на предлогот на ЕУ, а кон средината на март беше договорен и Анексот за негова имплементација.

Курти, на 29 јуни, го претстави својот план за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, во кој го повторува својот став дека е подготвен да го намали полициското присуство на север и да организира нови избори, но со почитување на владеењето на правото.

Едно од неговите барања е да се гонат сите оние кои стојат зад инцидентите на северот на Косово. На 3 јули, тој исто така рече дека косовските власти идентификувале 45 лица кои, според него, учествувале во напади и насилство врз војниците на КФОР, косовската полиција и новинари. Досега околу десетина Срби се уапсени и обвинети за овие дејствија.

Како ќе реагира меѓународната заедница?

Практично е невозможно сега да се зборува за политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина. Невозможно е да се убедат Курти и Вучиќ да седнат на маса и да преговараат за одредени чекори што ќе доведат до смирување на тензиите, смета Игор Марковиќ.
Марковиќ од невладината организација „Актив“ смета дека косовскиот премиер Албин (Албин) Курти во скоро време нема да ги премине своите „црвени линии“ и не ја исклучува можноста меѓународната заедница да „го загуби трпението“ и да почне преземање независни чекори кон смирување на тензиите на северот на Косово.

„Длабоко верувам дека во одреден момент ќе мора да интервенираат, бидејќи сега е практично невозможно да се зборува за политички дијалог меѓу Белград и Приштина. Невозможно е да се убедат Курти и Вучиќ да седнат на маса и да преговараат за одредени чекори кои би воделе кон смирување на тензиите“, вели Марковиќ во изјава за Радио Слободна Европа.

Тој смета и дека ситуацијата „излегла од контрола“ бидејќи косовскиот премиер „по многу повици за деескалација на ситуацијата всушност презема одредени чекори кои не водат во таа насока“.


Една од последните одлуки на владата на Курти беше да ги прогласи за терористи две српски организации од север - Цивилната заштита и Северната бригада. САД и другите западни земји тогаш изјавија дека Курти не се консултирал со нив при донесувањето на ваквата одлука и го повикаа да не прави „еднострани потези“.

„Колку повеќе поминува времето, толку повеќе маневарскиот простор за некои добри одлуки ќе биде ограничен“, заклучува тој.

Што им претходеше на повиците за деескалација?

Тензиите на северот на Косово се зголемија на крајот на мај, кога албанските градоначалници со помош на полицијата се обидоа да влезат во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Во овие општини живее мнозинско српско население, кои ги бојкотираа последните избори на северот на Косово и сега не ги прифаќаат резултатите.

Тие повеќе од еден месец секојдневно протестираат пред општинските згради со барање да се повлечат сите специјални единици на косовската полиција од северот, а градоначалниците да не доаѓаат на работа.

Овие барања во неколку наврати беа изнесени од Српска листа, најголемата партија на косовските Срби, која има поддршка од Белград.

Претседателот на оваа партија, Горан Ракиќ, побара „амнестија“ за сите уапсени Срби кои учествувале во барикади или протести за да се спротивстават на косовските власти.

XS
SM
MD
LG