Достапни линкови

Кој ги контролира џамиите со „самопрогласени имами“ во Косово?


Џамијата во Рамниште, општина Витина
Џамијата во Рамниште, општина Витина

Од општинскиот огранок на Исламската заедница во Витина, Косово, велат дека две џамии се надвор од раководството на ИВЗ и дека ги посетуваат луѓе кои ги опишуваат како сомнителни. Имамите кои раководат со двете џамии се разрешени од ИВЗ, а една од џамиите била изградена и без нивна дозвола

Две џамии во општина Витина, на околу 60 километри јужно од главниот град на Косово, како што соопшти Исламската заедница, се надвор од нејзина контрола.

Од друга страна, косовската полиција соопшти дека контролата и управувањето со тие џамии за кои се шпекулира дека се под контрола на „самопрогласените имами“ и припаѓаат на Исламската заедница на Косово.

Во писменото соопштение до Радио Слободна Европа (РСЕ) косовската полиција наведува дека не добила поплаки или пријави за случајот со овие џамии.

Исламската заедница го наведува спротивното, прецизирајќи дека оваа верска организација, која ги собира муслиманите од Косово и од Прешевската долина на југот на Србија, ги информирала највисоките безбедносни органи во земјата за проблемите во џамиите во селата Скифтерај и Рамниште со години.

И од општинскиот огранок на Исламската заедница во Витина наведуваат дека тие две џамии се надвор од раководството на чадор организацијата и дека ги посетуваат луѓе кои ги опишуваат како сомнителни.

Зошто се споменуваат „екстремистички групи“?

Пред околу две и пол години, Советот на Исламската заедница во Витина го разреши Мубарек Мисини од функцијата имам во селото Скифтерај.

Причината за ова, според претседателот на Советот на Исламската заедница, Витина, Хусамедин Хоџа, е неисполнувањето на условите и нормите кои произлегуваат од Уставот на Исламската заедница на Косово за функцијата имам на џамија. Според него, Мисини нема соодветно образование за да биде имам.

„Три пати го распишавме конкурсот. Никој не се пријавил, поради групата која управува со тамошната џамија и која во однос на исламската вероисповед е екстремистичка група, која не подлежи на процедурите и правилата на Исламската заедница на Република Косово, како и Советот на Исламската заедница во Витина“, вели Хоџа за РСЕ.

Тој посочува и дека втората џамија, во Рамниште, е изградена без дозвола на Исламската заедница на Косово. Од минатата година, вели Хоџа, со таа џамија стопанисува група поединци, иако Советот на Исламската заедница во Витина се обиде да ја стави под нејзино покровителство.

„Ние го објавивме конкурсот за да го водиме ние. Но никогаш не добивме можност ниту еден имам (назначен од Исламската заедница на Косово) да замине, поради овие групи што јас ги нарекувам екстремисти“, нагласува Хоџа.

Џамијата во Рамниште ја води Илир Емини.

Поглаварот на Советот на Исламската заедница во Витина, Мисини и Емини ги нарекува „самопрогласени имами“.

Но, Хоџа не дава никакви факти за активностите на верскиот екстремизам во овие џамии, но вели дека своите сомнежи ги проследил до органите на прогонот.

Што одговараат џамиите?

РСЕ ги посети џамиите во Рамниште и Скифтерај.

Џамијата во Рамниште беше затворена, а нејзиниот лидер Илир Емини не беше достапен. Поглаварот на џамијата во Скифтерај, Мубарек Мисини, не сакаше да зборува за РСЕ за загриженоста што ја искажа Хоџа.

Џафер Реџепи, жител на селото Скифтерај и член на советот на џамијата во тоа место, вели дека Мисини 20 години е имам во селската џамија.

Одлуката на Исламската заедница во Витина од 2021 година, Мисини да не ја врши функцијата имам се смета за контроверзна и некоординирана со советот на џамијата и нејзините општини.

Според неговите зборови, против Мисини е само претседателот на Советот на Исламската заедница на Витина, а не и Исламската заедница на Косово, со чии функционери, според Реџепи, разговарал Советот на џамијата во Скифтерај.

„Тие не се против Мубарак. Хусамедин Хоџа и луѓето што стојат зад него се против Мубарак. Не знаеме кои се тие. Ние, како собрание, донесовме едногласна одлука (да се отстрани Миса од функцијата имам) и да продолжиме со Мубарек Мисини. Тоа значи дека има 180 куќи во селото што стојат покрај него“, вели Реџепи.

Тој ги отфрла тврдењата на Хоџа дека во џамијата во Скифтерај се гледаат „сомнителни и екстремистички лица“.

„Зошто екстремисти? Какви екстремисти? Каде има и каде гледате екстремизам овде? Мојата изјава е важна. Значи, ако кажам дека нема екстремизам во џамијата во селото Скифтерај, луѓето надвор од селото не ја посетуваат, изјавата на сите паѓа во вода, бидејќи јас сум овде во секое време, заедно со другите“, вели Реџепи.

Тој додава дека Советот на џамијата во Скифтерај е подготвен ова богослужба да функционира под покровителство на Советот на Исламската заедница во Витина, но под услов имам да биде Мубарек Мисини.

Зошто исламската заедница не ги затвора двете џамии?

Надлежните од општина Витина велат дека на седницата на општинскиот совет за безбедност на заедницата на 20 јули, Хусамедин Хоџа како член на овој совет ја изразил својата загриженост за прашањето за двете џамии.

Заменик-претседателот на општина Витина, Хасан Алија, за РСЕ изјави дека ситуацијата што настанала со џамиите во Скифтерај и Рамниште е нејасна.

Колку се опасни вехабистите на Балканот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:12 0:00

Тој изразува сомнеж дека Советот на Исламската заедница од Витина не го идентификувал добро проблемот заедно со жителите од овие села.

„Тие треба да идентификуваат што сакаат. Дали сакаат наметнување имам, оџа или што е проблемот? Штом ќе го идентификуваме ова, верувам дека ќе биде полесно за исламската заедница, но и за безбедносните власти“, вели Алија.

Притоа, тој изразува мислење дека претставниците на Исламската заедница од Витина морале да разговараат со жителите и собранијата на овие две џамии за да се реши проблемот со имамите и управувањето со џамиите преку дијалог и во рамките на исламската Заедницата на Косово.

Тоа што Исламската верска заедница смета дека џамиите во Витина се нелегални, според потпретседателот Алија, го зголемува проблемот.

„Доколку вие како поглавар на исламската заедница кажете дека имаме две џамии кои работат незаконски, тогаш тој мора да оди и да ги затвори тие две џамии и да испрати такво решение во полиција“, вели Алија.

Но, според зборовите на Хусамедин Хоџа, евентуалниот обид на Исламската заедница да ги затвори џамиите или обидот за поставување имами таму, според прописите на оваа организација, може само да создаде поголеми проблеми во односите со поддржувачите на, како ги нарекува „самопрогласените имами“.

Во овој случај, вели тој, џамиите се имоти кои се узурпирани.

„Никој, ни од општината, не разбира како да се реши овој проблем. Исламската заедница нема сила, нема моќ во свои раце“, вели Хоџа.

Што можат да направат владините власти?

Социологот по вероисповед Исмаил Хасани оценува дека функционирањето на џамиите во Косово може да биде легално, доколку функционираат во системот на Исламската заедница на Косово.

Во тој контекст, според неговите зборови, џамиите во Рамниште и Скифтерај, чии лидери се оспорени од Советот на Исламската заедница во Витина, треба да ја развијат својата функција на проповедање и комуникација со верниците во рамките на Исламската заедница на Косово.

„Во конкретниот случај, доколку има други сомнителни елементи за активности кои не се легални, тогаш другите органи за спроведување на законот би морале да се справат со овие проблеми. Тоа е затоа што Исламската заедница на Косово, во некои случаи, како овој, одамна го загуби својот кредибилитет да се однесува разумно во решавањето на кадровските прашања и внатрешната организација на верските институции, во конкретниот случај со џамиите“, оценува Хасани.

Тој посочува дека во џамиите, кои не се под управување или контрола на Исламската заедница на Косово, постои потенцијална можност за појава на исламски верски екстремизам, дури и „во најрадикален облик“.

Хасани посочува дека трендот треба да биде кон спречување на ескалација на односите меѓу Исламската заедница и заедницата која ги посетува двете спорни џамии и инсистира на именување имами по нивна желба. Во овој случај, како што вели, треба да се искористат сите можни законски мерки за да се избегнат непожелни ситуации. Доколку не се избегнат, тогаш, според него, органите на прогонот мора да дејствуваат.

XS
SM
MD
LG