Достапни линкови

Фиктивни трансфери на пари истражува ОЛАФ во Бугарија


Илустрација, Воз во Бугарија
Илустрација, Воз во Бугарија

Модернизацијата на бугарската железничка инфраструктура вредна 241 милион евра, беше причина за претреси во 28 локации низ Бугарија. Истрагата за злоупотреба на европски пари ја спроведува Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) заедно со бугарските истражители.

Бугарија за почеток треба да врати 38 милиони евра во европската каса поради сомнение дека се злоупотребени европските фондови при модернизација на железничката инфраструктура. Европската канцеларија за борба против измами jа затвори истрагата откако заедно со стотина бугарски обвинители, полицајци и агенти од Националната полициска управа и Државната агенција за национална безбедност извршија претреси на 28 локации и приведоа две лица осомничени за злоупотреба на фондови на ЕУ и перење пари.

Дополнително, ќе бидат сослушани и функционери од Националното претпријатие за железничка инфраструктура, институција која во основа е корисник на парите од ЕУ.

Градежните договори за два проекта кои се во интерес на истрагата се доделени на две приватни компании со меѓународно учество, на кои веќе им легнале пари на сметка за изведување на дел од градежните работи.

„Изведувачите се осомничени дека во краток временски период извршиле фиктивни трансфери на пари на синџир на фантом компании, што на крајот доведе до повлекување парични суми од над 2,5 милиони евра (5 милиони лева) од лица со криминално досие“, се вели во соопштението на ОЛАФ.

Станува збор за два проекти во вредност од 241 милион евра, за модернизација на две пруги на линија од Софија до Пловдив во износ од 130 милиони евра, и вториот проект модернизација на железничките делници од Оризово до Михајлово и од Пловдив до Бургас во износ од 111 милиони евра. Тие се дел од таканаречената железничка магистрала „Тракија“ , кој треба да ја поврзе Софија со Бургас. Изградбата почна во 2007- ма година и требаше годинава да биде завршена.

„Заедно спречивме незаконско трошење на повеќе од 92 милиони евра и препорачавме враќање на повеќе од 38 милиони евра, пари што им припаѓаат на европските даночни обврзници“, изјави генерален директор на ОЛАФ, Вите Итала.

Европското обвинителство во Бугарија на 11 август објави дека конзорциумите „Костенец-Септември 2018“ и „Евро железничка инфраструктура“ се осомничени за злоупотреба на европските фондови.

Компанијата е „Костенец-Септември 2018“ во 2019 година доби јавен набавка од 194 милиони евра, од кои 130 милиони евра се обезбедени од Европската извршна агенција за клима, инфраструктура и животна средина ( CINEA ).

Истрагата на ОЛАФ, утврди дека два фирми кои се дел од победничките понудувачи во конзорциумот немаат технички капацитет за спроведување на проектот или презентирале неточни податоци за нивните финансиски можности.

Во конзорциумот „Костенец-Септември 2018“ учествуваат две странски компании - шпанската „Контратас Иглесијас АД“ и романската „Аркада Компани АД“, јавува бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Според истражувањето на бугарските медиуми во 2020 година непосредно пред склучувањето на јавната набавака шпанската компанија банкротирала, по што била избришана од договорот за тендерот.

По прашања од бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа, Националното претпријатие за железничка инфраструктура одговори дека на „Костенец - септември 2018“ му биле исплатени 24,50% од сумата на договорот или 47, 5 милиони евра. На „ Евро железничка инфраструктура“ и биле исплатени 31,8% од вредноста на договорот или 37,4 милиони евра.

Најмногу истраги на ОЛАФ има во Севрена Македонија

Само лани ОЛАФ отворила 192 нови истраги, а завршила 256 истраги со што препорачала враќање на 426 милиони евра во европската каса, а спречила да се злоупотребата 198 милиони евра од европскиот буџет.

Инфографика - Истраги за злоупотреби на европските фондови во земјите од Западен Балкан (Податоци објавени во јули 2023)
Инфографика - Истраги за злоупотреби на европските фондови во земјите од Западен Балкан (Податоци објавени во јули 2023)

Само во последните пет години ОЛАФ отворила 36 истраги за злоупотреби на европски фондови во земјите од Западен Балкан, од кои половина се однесуваат на сомнежи за злоупотреба од македонски институции и компании.

„Од започнатите истраги, ОЛАФ достави седум препораки до европските институции и македонските власти“, се вели во последното известување од ОЛАФ.

Според извештаите на ОЛАФ, ова значи дека од 18 истраги за пет години, 7 се затворени, а ако се гледа по години 2021 била годината кога се отворени најмногу или 8 истраги за евентуални злоупотреби на европски пари. Три од овие истраги се затворени со имплементација на препораките на ОЛАФ.

Минатата година биле отворени 4 а затворени 3 истраги, 2020 – та е отворена само една истрага која се уште не е завршена, 2019 та се отворени 3 и исто толку не се затворени, а во 2018 две се отворени, а само една затворена.
Европската канцеларија за борба против измами е одговорна за истрага, гонење и но и спречување на злоупотреба на пари на европските даночни обврзници.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG