Некои луѓе не седат мирни иако им се може. Тие едноставно не се даваат и тераат и работат до крај. Ова важи за сите професии па и за новинарството. Таков еден е Мирче Адамчевски познат новинар, кој иако е во пензија не престанува да работи. Адамчевски моментално е актуелен како Претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика.
„Идејата за Советот за Етика е да биде тело за морални санкции за да се заштити јавноста од неквалитетни новинари, но и да се одбегнат судски спорови, да нема без потребно плаќање казни од медиуми, новинари“. Но нивните одлуки некогаш се користат од адвокати кога споровите меѓу новинарите, тужителите и медиумите ќе се најдат пред суд.
Адамчевски, додава и дека при носењето одлуки за доставените претставки клучен критериум е Кодексот на новинарите.
Што се однесува до повторното влевање пари за платена политичка реклама нешто на што реагираа од СЕММ и Здружението „Онлајн медиа“, Адамчевски вели:
„Сега државата всушност им дава пари на партиите и преку нив се влеваат во медиумите и значи на поинаков начин има еден вид корупција. Јас уште порано се залагав за да нема платени политички програми, туку да им се овозможи на партиите да си го кажат своето на Јавниот сервис во МРТВ“.
Да потсетиме дека од 17 милиони евра вкупно планирани за двојните избори на пролет, 60 проценти ќе се слеат во медиумите за платени политички реклами за време на изборната кампања. Една четвртина од 10,6 милиони евра ќе им припадне на порталите и печатените медиуми. Поголемиот дел или 75% од парите за медиумските кампањи се наменети за телевизиите и радијата.
Со Мирче Адамчевски разговараме и за (не) регулирањето на онлајн медиумите, за состојбите во новинарството, за квалитетот на медиумите некогаш, во едноумието и сега во плурализмот, односно за тоа дали мноштвото медиуми, телевизии, дигитални платформи придонесе за вистински квалитет во новинарската работа.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.