„Бетонизацијата“ на Скопје во последните 20 години
Порано

Сега

1
Општина Аердором е една од локациите во Скопје каде се изградени најмногу згради во изминатите две децении. Граѓаните ја загубија битката и за деветкатницата кај Мајчин дом. Активистите од „Сакаме Аеродром да дише“ рекоа „онаму каде ВМРО ДПМНЕ застана со градење додека владееше, СДСМ продолжи“. Сегашната администрација во Општината со која раководи Тимчо Муцунски, нема градежен инспектор.
Порано

Сега

2
Водно атрактивна шума за „градежната мафија“. Бетонизацијата и багерите ги сопре Уставниот суд со последната одлука со која го укина Деталниот урбанистички план за Старо Водно, Долно Водно, мало Курило, Завод за медицинска рехабилитација. Со ова кажа „стоп“ за нови решенија за градба, но старите важат. Случајот „Плацеви на Водно“ во кој се осудени поранешниот премиер Никола Груевски, неговиот братучед и екс директор на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, ќе остане запаметен како еден од најголемите скандали поврзани со урбанизација на планината.
Порано

Сега

3
Градилишта на секој чекор. Така мирната населба Тафталиџе која е во рамки на Општина Карпош од убаво место за живеење со индивидуални куќи, прерасна во населба со голем потенцијал за згради. Маркичките за градење, жителите се жалеа дека „одат како алва“ за денес да стравуваат од поплави, голема загаденост на воздухот, од узурпирани паркови, сечење на дрва и самоволие. Бетонизацијата на мирната населба ја овековечија неколкумина бизнисмени од градежниот сектор, најголем дел за време на владеењето на Стевчо Јакимовски. Нов ДУП во 2016 та се носеше на ден пред Бадник.
Порано

Сега

4
Од Плоштад „Македонија“ пред точно 20 години беа отстранети старите коцки, целосниот приод и изглед изменети, за денес да ве пречека сосема нов изглед на плоштадот кој беше креиран со проектот Скопје 2014. Она што беше најавено во промотивно видео за многумина спорниот проект на Владата на Никола Груевски денеска веќе е реализирано. Таму ќе ве пречекаат бројни споменици на истакнати дејци од историјата на земјата, но пред сите се извишува најголемиот, висок 22 метри во централниот дел, „Воин на коњ“. Изработен во бронза и мермер, со фонтани и скулптури беше во центарот на анализите и реакциите за проектот, како поради цента на чинење така и поради тоа што првично беше најавен како споменик на „Александар Македонски“.