„Бетонизацијата“ на Скопје во последните 20 години
Порано

Сега

5
„Жителите на Ѓорче Петров против бетонизацијата“ се најчести наслови кои ги пишувале медиумите по носење на нови ДУП – ви во последните пет години. Идејата за изградба на висококатници од 33 метри, 17 згради кај кружниот тек кај црквата Св.Петар и Павле, 50 згради кај Дексион, бетонизацијата на мирниот Хром и уште неколку локации ги вознемируваат жителите. Но, ако се погледне мапата на Ѓорче Петров од пред 20 години и денеска, оваа општина веќе претрпела многу урбани промени, на штета на зеленилото.
Порано

Сега

6
Дебар Маало – густо населената населба со куќарки, прерасна во уште погусто населена но сега со згради. Центарот на метрополата во изминативе две децении стана уште поатрактивен за живеење па квадратот со цената отиде до „плафон“ ако воопшто може да се најде. Иако Дебар Маало беше можеби првата жртва на дивеењето на градежништвото и до денес трпи промени, па згуснувањето, издигнувањето и истиснувањето на зелениот простор помеѓу објектите се уште е актуелно.
Порано

Сега

7
Името Ново Лисиче само по себе ја истакнува населбата која забрзано во поново време се урбанизира. Ако до пред две децении се уште можело да се забележи дека преовладува просторот од неизградена земја на една од најплодните рамнини во Скопската котлина, денеска веќе се гледа дека таму никнале згради.
Порано

Сега

8
Дел од Ново Лисиче, таканаречен Реонски центар, во кој никнаа еден куп згради.