Калас: Нема да има победници во евентуалната трговска „војна“ меѓу САД и ЕУ
Ако има трговска „војна“ меѓу САД и ЕУ, цехот ќе го платат потрошувачите, вели во интервју за Радио Слободна Европа шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. Во разговорот со нашиот новинар Рикард Јозвиак, таа зборува и за можниот исход од преговорите за окончување на војната во Украина, како и за дијалогот за нормализација меѓу Косово и Србија.