Трагедијата во диско клуб во Кочани предизвика шок и вознемиреност
Десетици млади луѓе загинаа, повеќе од 150 се повредени во пожар што избувна ноќеска во кочанската дискотека „Пулс“. Истрагата трае, Обвинителството ги испитува причините за несреќата, распишана е потерница за четири лица. РСЕ беше во Кочани каде жители на градот со солзи зборуваат за трагедијата.