Американскиот претседател Доналд Трамп и светот се на пат да откријат дали Русија е навистина заинтересирана да стави крај на својата повеќе од тригодишна целосна инвазија на Украина или да ги следи своите максималистички цели за заземање на земјата.
По деветчасовни преговори во Саудиска Арабија на 11 март, Украина се согласи на американскиот предлог за итен прекин на огнот од 30 дена, кој може да биде продолжен од двете завојувани страни.
Сега топката е на теренот на Русија.
Трамп рече дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин подоцна во текот на неделата за да ја обезбеди неговата посветеност на американскиот предлог, но аналитичарите велат дека не се убедени дека Кремљ ќе игра со топка.
„Би била изненадена ако Русија се согласи на тоа“, изјави за РСЕ Оксана Шевел, професор по политички науки на Универзитетот Тафтс.
Путин може да бара отстапки од Украина пред да се согласи на каков било прекин на огнот. Тоа, пак, може да го стави Трамп во тешка позиција, додава Шевел.
Трамп тврди дека е неутрален арбитер во мировниот процес, но некои аналитичари тоа го доведуваат во прашање. Неговото навидум восхитување кон Путин, тие го дефинираат како знак дека Трамп ја фаворизира Русија.
Трамп одби да ја обвини Русија за војната што ја започна.
„Ако Русија одолговлекува за прекинот на огнот, како ќе одговори Трамп? - прашува Шевел.
Путин можеби се противи на оставањето на оружје, сега бидејќи верува дека победува и не се откажал од својата крајна цел да го анектира остатокот од Украина, велат експертите.
Русија, која контролира речиси 20 отсто од Украина, има динамика на бојното поле повеќе од една година, главно поради нејзината значителна работна сила.
Московските трупи полека добиваат територии, вклучувајќи ги и клучните градови, во источна Украина, иако со огромни човечки загуби.
Украина, која е зависна од непостојаната помош од Западот, се бореше да регрутира доволно војници за да го запре напредувањето на Русија. Тоа предизвика сомнеж кај многу експерти дека Украина може да ја врати својата територија на сила, дури и со поголема западна воена помош.
Состанокот во Џеда
Разговорите со високи влогови во Џеда на 11 март дојдоа во време на влошување на американско-украинските односи по јавната „експлозија“ минатиот месец во Овалната соба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На спорниот состанок што стана вирален, Трамп го обвини Зеленски дека не е сериозен за завршување на војната.
Американскиот претседател го исфрли Зеленски од Белата куќа пред двајцата да потпишат рамковен договор за споделување на приходите генерирани од минералните ресурси на Украина.
Неколку дена подоцна, Трамп ја прекина клучната воена помош и размена на разузнавачки информации за да го турне украинскиот лидер на преговарачка маса.
По разговорите во Џеда, Соединетите Држави објавија дека ќе ја прекинат паузата и ќе го потпишат договорот за минерали со Украина.
Марк Канчијан, воен експерт во Центарот за стратешки и меѓународни студии, рече дека Украина искористила максимум од состанокот.
„Ова е веројатно најдоброто на кое можеа да се надеваат со оглед на тоа каде сме“, рече тој, нарекувајќи го продолжувањето на воената помош и разузнавањето „огромна работа“.
Канчијан рече дека е „многу добро“ за Киев тоа што заедничката американско-украинска изјава директно ја стави одговорноста за обезбедување мир сега на Русија.
Сепак, недостатокот е што Украина ќе мора да прифати прекин на огнот што остава четвртина од земјата во руски раце, „но тие не можат многу да направат за тоа“, заклучува тој.
„Едноставно не видов никаков механизам со кој тие би можеле да повратат дел од таа изгубена територија. Моментумот на бојното поле беше против нив“, рече Канчијан.
Иако американскиот државен секретар Макро Рубио, еден од американските преговарачи во Џеда, пред разговорите рече дека Украина ќе мора да отстапи земја, во заедничката изјава не се спомена тоа прашање.
Заедничката изјава, исто така, ги става настрана Украина и Европа во следните чекори од мировниот процес, нешто што Киев и Брисел се надеваа дека ќе го избегнат, анализира Канчијан.
Додека САД сега ќе водат директни разговори со Русија во врска со прекинот на огнот, изјавата сепак ја потврдува желбата на Украина да ја вклучи Европа во мировниот процес.
Безбедносните гаранции на САД (светиот грал за Украина) исто така беа изоставени од заедничката изјава, но Канчијан го минимизира значењето на тоа во овој момент.
„Не знам дали тоа би било соодветно во овој вид на прелиминарен документ. Значи, не го гледам како особено проблематично, фактот што нема ништо за тоа во овој договор“.