Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „диктатор“ кој ризикува да ја изгуби својата земја доколку „не се замине брзо“.
Во својата најжестока критика на украинскиот лидер до сега, Трамп на својата платформа Truth Social на 19 февруари напиша: „Диктатор без избори, Зеленски е подобро да се оди побрзо или ќе остане без држава“.
Уставот на Украина забранува одржување на избори во воена состојба, која беше воведена кога Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година и продолжува до ден-денес со постојаното продолжување.
Петгодишниот мандат на Зеленски требаше да заврши во мај 2024 година по изборите во март, а Путин рече дека нема да преговара со украинскиот претседател бидејќи нема да има овластување да потпише мировен договор.
Според Трамп, Зеленски сака да ќари со малку влог, веројатно мислејќи на помошта од Западот.
„Ја сакам Украина, но Зеленски направи ужасна работа, неговата земја е уништена, а милиони непотребно загинаа“.
Изјавата на Трамп доаѓа неколку часа откако Зеленски ја повтори загриженоста за американско-руските разговори одржани во Саудиска Арабија за ставање крај на тековната инвазија на Москва на Украина, започната пред речиси три години.
На прес-конференција во Киев претходно истиот ден, Зеленски рече дека претходните разговори на високо ниво во Ријад, во кои учествуваа американскиот државен секретар Марк Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, имаа за цел „да го извадат [рускиот претседател Владимир] Путин од изолација“ и потенцијално да доведат до промена на политиката на безбедносната динамика на Украина.
„САД му помогнаа на Путин да излезе од повеќегодишната изолација...Путин и Русите се многу среќни поради тоа“, рече Зеленски, додавајќи дека „вчера имаше навестување дека Русија е жртва, што е нешто ново“.
Еден ден претходно, Трамп се чинеше дека го обвини за инвазијата на Москва на Украина, велејќи дека е „разочаран“ што Зеленски се пожалил дека е тргнат од разговорите меѓу САД и Русија за завршување на војната.
Зеленски, сепак, на 19 февруари рече дека би сакал „да има повеќе вистина“ од администрацијата на Трамп.
Тој на својата прес-конференција на 19 февруари ја спомена западната алијанса, посочувајќи дека има ограничени можности за обезбедување безбедносни гаранции за суверенитетот на неговата земја.
„Исистирав за [членството на Украина во] НАТО, но знаете кои беа одговорите“, рече тој, сугерирајќи дека патот кон приклучување кон западната воена алијанса останува попречен.
„Безбедносните гаранции целосно зависат од нашите партнери“, додаде тој, повторувајќи дека безбедноста на Украина во голема мера се потпира на поддршката од Западот.
И покрај геополитичките предизвици, Зеленски ја сигнализира својата подготвеност да се вклучи во дискусии, но ја нагласи потребата на Украина за силна одбранбена помош, велејќи дека неговата земја е „подготвена за разговори, за дијалог. Она што ни треба е одбрана што може да ја обезбеди Западот“.
„Нашата армија е поинаква отколку што беше на почетокот на руската агресија“, додаде тој.
„Сега, нашата армија е најсилна во Европа. Можеме да разговараме самоуверено со нашите партнери и непријатели“
Тој повторно ја нагласи потребата Киев да биде вклучен во какви било преговори за војната, велејќи дека „без нас не е можен договор“.
Одговарајќи на новинарско прашање за желбата на Трамп да има компензација во замена за помош од стотици милијарди долари што ја добиле од Соединетите држави, Зеленски посочи дека е отворен за дискусии во врска со пристапот до минералните ресурси на Украина, но ја истакна потребата од значајни преговори, како и опипливи безбедносни гаранции.
Забелешките на Трамп на 19 февруари предизвикаа осуда од германските лидери, при што канцеларот Олаф Шолц нарекувањето на Зеленски „диктатор“ од страна на Трамп го нарече „погрешно и опасно“, а министерката за надворешни работи Аналена Баербок рече дека тоа е „апсурдно“.
„Ако го погледнете реалниот свет... тогаш знаете кој во Европа мора да живее во услови на диктатура: луѓето во Русија, луѓето во Белорусија“, рече Баербок во интервју за телевизијата ZDF.
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, во интервју за Дејли Мејл, предупреди дека критиките на Зеленски кон Трамп ќе имаат контраефект.
„Идејата дека Зеленски ќе го промени мислењето на претседателот со лошо упатување кон него во јавните медиуми, секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е грозоморен начин да се справите со оваа администрација“, рече Венс.
Зеленски го повика и специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, кој е во посета на Киев на 19 февруари, лично да се сретне со украинскиот народ, „особено нашиот воен персонал кој се бори да ја запре руската инвазија“ за да дознае што мислат за ситуацијата, актуелното раководство на Украина, изјавите на Трамп и разговорите во Саудиска Арабија.
Посетата на Келог на украинскиот главен град доаѓа откако Трамп рече дека сега се чувствува „многу посигурен“ за постигнување договор за ставање крај на конфликтот во Украина по дискусиите во Ријад на 18 февруари, на кои Москва и Вашингтон се договорија да формираат тимови за да преговараат за патот до завршување на војната.
„Мислам дека имам моќ да ја завршам оваа војна“, им рече Трамп на новинарите во неговиот дом во Мар-а-Лаго на Флорида.
Трамп, исто така, рече дека можеби ќе се сретне со Путин овој месец и дека нема да се спротивстави на европскиот потег за испраќање мировни трупи во Украина, идеја што беше дискутирана за време на европскиот самит во Париз на 17 февруари.