Бужаровска: Писателите од Западниот Балкан се панкери за тие од Западот
Во земјава не може да се живее од творештво, за да успее еден писател, потребно е да работи неколку други работи, вели писателката и професорка Румена Бужаровска. Таа додава дека авторите од Западен Балкан кога се пробиваат на западниот пазар го имаат статусот на панкери во творештвото.