Вашингтон ја зајакнува безбедноста пред и по претседателските избори
Барикади на прозорците на некои објекти во близина на Белата куќа во Вашингтон, пред претседателските избори на 5 ноември. Градот е во состојба на висока готовност за потенцијални немири. Началникот на полициските сили рече дека „нема веродостојни закани“, но има дополнителни мерки за заштита на гласачките кутии и избирачките места.