Достапни линкови

Вести

Скопската Зоолошка градина ќе остане затворена 21 ден, АХВ потврди птичји грип

Северна Македонија - работник во заштитна облека во ЗОО Скопје за време на ковид-пандемијата, илустративна фотографија
Северна Македонија - работник во заштитна облека во ЗОО Скопје за време на ковид-пандемијата, илустративна фотографија

Потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1 во Зоолошката градина во Скопје(ЗОО), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство доцна попладне на 19 октомври, откако претходно од ЗОО извести дека инспектори на АХВ без налог, решение или каков било друг доказ упаднале во Зоолошката и убиле неколку десетици птици.

Зоолошката градина 21 ден ќе биде затворена за посетители, потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство. ​

Резултатот за присуство на птичји грип е добиен од Факултетот за ветеринарна медицина, по лабораториско тестирање на угината гуска.

„Од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста. Извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на
локацијата“, соопштија од АХВ.

Агенцијата наредила и мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел да се сузбие болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето.

Од Зоолошката градина пак, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, најавија дека ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ, инспекторите и „лицата кои со оружје упаднале во ЗОО - Скопје“.

Во објавата ЗОО Скопје посочува дека „целта е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот“.

Последните случаеви на птичји грип во Северна Македонија беа во 2022 година, во населените места Градец, Лески и Виница, местото Селце во општина Штип и во близина на Злокуќани, општина Карпош.

Вирусот може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина.

Дивите птици се познати како резервоари за вируси на птичји грип, главно од ниско патогени соеви.

Високопатогените соеви вирусот се патогени за живината, но како зооноза болеста може да се пренесе и на луѓето.

Досега не е докажан случај на пренос на високопатоген сој од живина на луѓе иако е повеќе години во циркулација
во земјите од ЕУ, соопштија од АХВ.

види ги сите денешни вести

Волонтери го чистат Јабланичкото езеро по поплавите во БиХ

Босна и Херцеговина - чистење на Јабланичко езеро, 19 октомври 2024 година.
Босна и Херцеговина - чистење на Јабланичко езеро, 19 октомври 2024 година.

Околу 60 волонтери почнаа да го чистат ѓубрето од брегот на езерото Јабланица на југот на Босна и Херцеговина(БиХ).

Акцијата ја организираа еколошки активисти и локални туристички заедници по пороите и свлечиштата на почетокот на месецот, кои го преплавија езерото со отпад.

За следниот викенд е планирано чистење на Грабовичко езеро.

Во поплавите и свлечиштата што на 4 октомври го зафатија овој дел на Босна и Херцеговина, загинаа 19 лица.

Надлежните во Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина тврдат дека уривање на каменолом е причина за големиот број жртви во Долна Јабланица.

На почетокот на октомври дождот активираше бројни одрони, а најтешка беше состојбата во Долна Јабланица на југот од земјата.

Поплавите и свлечиштата уништија најмалку 230 објекти во Јабланица. Штетата е проценета на 25,6 милиони евра.

Ненадејните дождови се случиле додека жителите спиеле, а водата се кренала над покривите на куќите и остави цели села затрупани во кал.

Општината, главна туристичка дестинација лоцирана покрај реката Неретва и езерото Јабланица во Херцеговско-неретванскиот кантон, беше уништена од овие поплави.

Франција вети поддршка за „Планот за победа“ на Украина

Украина - Францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан-Ноел Баро (десно) и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха го посетија Меморискиот ѕид на паднатите бранители во Киев, 19 октомври 2024.
Украина - Францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан-Ноел Баро (десно) и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха го посетија Меморискиот ѕид на паднатите бранители во Киев, 19 октомври 2024.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро на 19 октомври ја објави поддршката на неговата земја за „победничкиот план“ на Украина за ставање крај на војната со Русија.

Баро е во дводневна посета на Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 16 октомври објави амбициозен план со кој се надева дека ќе ја принуди Русија да ја прекине својата инвазија на Украина преку преговори, најдоцна до следната година.

„Нашите размени треба да ни овозможат да постигнеме напредок во победничкиот план на претседателот Зеленски и да собереме што поголем број земји околу него“, рече Баро на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Андриј Сибиха.

Баро рече дека Франција планира да ја испорача првата серија борбени авиони „Мираж 2000“ во Украина во првиот квартал на 2025 година. Украински пилоти и механичари се обучени за летање и одржување на авионот.

Франција е еден од најверните поддржувачи на Украина во Европа од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во февруари 2022 година.

Целосна нова бригада украински војници за распоредување на фронтот моментално се обучува и опремува од Франција.

Посетата на Баро на Киев доаѓа неколку часа откако Русија изврши нов напад со беспилотно летало врз главниот град на Украина во текот на ноќта меѓу 18 и 19 октомври.

Мигранти се враќаат од Албанија во Италија по одлука на судот во Рим

Албанија - прифатен центар за мигранти
Албанија - прифатен центар за мигранти

Брод на италијанската крајбрежна стража ги врати во Италија првите 12 мигранти од новоотворените имиграциски центри во Албанија на 19 октомври. Потегот следува откако откако судот во Рим ден претходно пресуди ги отфрли наредбите за задржување на група мигранти во прифатен центар во Албанија и рече дека тие имаат право да бидат испратени во Италија.

Според судот, мигрантите морале да се вратат во Италија бидејќи нивните земји на потекло, Египет и Бангладеш, не можат да се сметаат за безбедни земји.

Се очекува на 21 октомври да се одржи владина седница на која ќе се одлучува за одговорот на италијанската влада после одлуката на судот.

Судската одлука претставува камен на сопнување за договорот меѓу Италија и Албанија што владата на италијанската премиерка Џорџија Мелони го поздрави како нов „модел“ за справување со илегалната миграција.

Во договорот се наведува дека додека престојуваат во прифатните центри, италијански судија ќе ги разгледа барањата за азил на мигрантите и ќе одлучи дали да ги одобри или да ги врати назад во нивните матични земји.

Зборувајќи со новинарите за време на патувањето во Либан, Мелони ја нарече одлуката „предрасуда“ и рече дека нејзината влада треба да утврди кои земји се безбедни, а кои не се, сугерирајќи дека ќе подготви нови правила за решавање на проблемот.

„Можеби владата треба подобро да разјасни што се подразбира под „безбедна земја“, рече Мелони.

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Пјантедоси, на прес-конференција рече дека е уверен оти одлуката ќе биде поништена, додавајќи дека владата ќе поднесе жалба до Врховниот суд доколку е потребно.

Среде критиките, Италија ги испраќа првите мигранти во Албанија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00

Центрите ќе ја чинат Италија 730 милиони долари за пет години. Со објектите управува Италија и тие се под нејзина јурисдикција, додека албанската стража е одговорна за надворешно обезбедување.

Италија се согласи да ги прифати оние мигранти на кои им е одобрен азил, додека тие чии барања се одбиени се соочуваат со депортација директно од Албанија.

Албанија и Италија во ноември минатата година постигнаа договор за сместување на мигрантите. Договорот, кој беше критикуван од организациите за човекови права, предвидува Албанија да прифаќа до 36.000 мигранти годишно, а барањата за азил на овие мигранти ќе се разгледуваат во два центри во Албанија.

Перински: Нема законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките

Северна Македонија - Златко Перински, министер за локална самоуправа
Северна Македонија - Златко Перински, министер за локална самоуправа

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека законска можност за такво нешто нема.

Перински во интервју за МИА вели дека посоодветно е локалните самоуправи да работат на зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, а не да одвојуваат средства за нешто што нема да има функција во годините што следат.

„Тоа е строго опишано во Законот за локална самоуправа, во членот 11, кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот. Во тие надлежности, Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои. Ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто нема“, вели Перински.

Тој посочува и дека академиците од Македонската академија на науките и уметности, кои се од другите етникуми, јавно кажале дека пристапот е погрешен.

Четири општини, во кои локалната власт е во рацете на владиниот коалициски партнер Вреди, на 15 октомври од Тетово најавија дека ќе финансираат работење на Здружението на граѓани – Албанска академија на науките и уметностите.

Станува збор за општините Тетово, Гостивар, Чаир и Желино.

Против Албанската академија на науките и уметностите се изјаснија премиерот Христијан Мицкоски, СДСМ и ДУИ.

Властите во Газа ги обвинуваат израелските сили за напад врз болница

Илустрација
Илустрација

Здравствените власти во Газа соопштија дека израелските сили ја опколиле и гранатирале индонезиската болница во северниот град Беит Лахиа, утрото на 19 октомври.

„Израелски тенкови целосно ја опколија болницата, ја исклучија електричната енергија и ја гранатираа болницата, таргетирајќи ги со артилерија вториот и третиот кат“, изјави директорот на установата, Марван Султан.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека Израел ги нападнал горните катови, додавајќи дека имало „повеќе од 40 пациенти и ранети покрај медицинскиот персонал“.

Израел почна нова офанзива во северниот дел на Газа на почетокот на октомври, велејќи дека таа била насочена кон борците на Хамас, група прогласена за терористичка од САД и ЕУ, кои се прегрупираат таму.

Романија откри уште еден неидентификуван објект што ѝ го нарушил воздушниот простор

Романија - Борбени авиони Ф-16 на романските воздухопловни сили, 13 ноември 2023 година.
Романија - Борбени авиони Ф-16 на романските воздухопловни сили, 13 ноември 2023 година.

Романија испрати четири борбени авиони рано утрото на 19 октомври, откако неидентификуван објект го наруши нејзиниот воздушен простор на југоисток, во близина на Црното Море, соопшти Министерството за одбрана на Романија.

Според Министерството, воените радарски системи откриле мал летечки објект, најверојатно беспилотно летало, што се упатило кон округот Тулчеа пред да го изгуби сигналот околу 2.30 часот по локално време.

„Армијата испрати два борбени авиони Ф-16 и два шпански Ф-18 за да го надгледуваат објектот“, соопшти Министерството, додавајќи дека пилотите не го виделе дронот.

Тоа е втор дрон што оваа недела го нарушил романскиот воздушен простор.

Претходниот инцидент беше пријавен на 17 октомври, кога околу 17 часот беше откриен мал летечки објект од армиски радари над југоисточниот округ Констанца.

Романскиот премиер Марсел Чиолаку на 18 октомври изјави дека неговата земја ја анализира можноста за „сајбер-предизвик, бидејќи пилотите немале визуелен контакт со дронот“.

Во минатото, руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на Романија додека Москва ги напаѓаше украинските цели долж Црното Море и реката Дунав.

Романија, членка на Европската унија и НАТО, дели 650 километри долга граница со Украина.

Цела Куба остана без струја

Хавана, Куба, 18 октомври 2024 година
Хавана, Куба, 18 октомври 2024 година

Куба остана во мрак во петокот, на 19 октомври, откако главната електрана на островот откажа, што предизвика колапс на електричната мрежа во земјата, соопшти Министерството за енергетика на Куба.

„Системот остана без струја во целата земја по неочекуваното исклучување на електраната Антонио Гитерас“, изјави Лазаро Гуера, генерален директор за електрична енергија во Министерството за енергетика и рудници, за државната телевизија.

„Кога електраната се затвори, системот пропадна“, рече тој, додавајќи дека владата работи на враќање на услугата што е можно побрзо.

Во четвртокот, премиерот Мануел Мареро објави дека островот е во „вонредна состојба“, со сериозен недостиг на снабдување со струја, оставајќи некои провинции без електрична енергија до 20 часот.

Владата во четвртокот ги суспендираше сите несуштински активности на јавниот сектор за да им даде приоритет на домаќинствата во снабдувањето со електрична енергија.

Куба добива електтрична енергија од осум застарени термоелектрани, како и од седум пловечки централи изнајмени од турски компании.

Временска прогноза - променливо облачно, услови за слаб дожд

Илустрација
Илустрација

Времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен, а во Повардарието и повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13 целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 14 до 20 целзиусови степени.

Во Скопје ќе променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 19 целзиусови степени.

Во недела ќе се задржи променливо облачно време време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури.

Нова кривична пријава за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

Рамиз Мерко, градоначалник на Струга
Рамиз Мерко, градоначалник на Струга

Против градоначалникот на Струга Рамис Мерко е поднесена кривична пријава од ОВР Струга затоа што пред речиси три години, спротивно на законот, назначил в.д. директорка во училиште во општината што ја раководи.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„На 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на општина Струга, тој спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на в.д. директор на училиште во Струга. Тоа го направил иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање англиски јазик, информира МВР во дневниот билтен.

И покрај тоа што таа не ги исполнувала условите за функцијата, пријавениот, наведува МВР, „и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење работни задачи како в.д. директор и како директор на училиштето“.

Инаку на претходно Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поднесе обвинителен предлог против Мерко за несовесно работење во службата. Тоа беше осмо обвинение за струшкиот градоначалник.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал го товари струшкиот градоначалник и за злоупотреба на службената положба, за набавка на четири автомобили во вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои и луксузен „Ауди А6“ во период кога Општината имала бликирана сметка.

Од 20 јуни 2023 година, Рамиз Мерко се најде на црната листа на Соединетите Американски Држави поради корупција и мешање во судски процеси, соопшти Стејт Департментот.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG