Македонците се возат со воз 20 км/час, сонуваат за 200 км/час
Северна Македонија ги укина патничките возови долж Коридорот 10, оти локомотивите се расипани. И тованиот сообраќај не е во добра состојба. Идеја има за брза пруга која ќе фати приклучок на српската, за да се вози со 200 км/час, но проект нема. Моментално дел од возовите се движат и со 20 км/час.