Струја од храна: Да, можно е!
Електричната енергија од храна прв пат е произведена во Србија во организирана акција за одлагање на отпад од угостителството. Остатоците од оброците во три белградски хотели се преработени во „зелена струја“ со што е спречена емисија на 17 тони јаглерод диоксид и се заштитени повеќе шуми. Овој проект го спроведуваат Министерството за заштита на животната средина на Србија и Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП), со финансиска поддршка на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ).