Блиски на загинатите во Полтава, Украина, ги идентификуваат жртвите од рускиот ракетен напад
Роднини се собраа пред мртовечницата во украинскиот град Полтава на 4 септември за да се обидат да ги идентификуваат жртвите од рускиот воздушен напад претходниот ден. Повеќе од 50 лица се убиени, а над 270 се ранети во нападот на камп за воена обука. Спасувачките екипи сè уште трагаат во урнатините по можни преживеани.