Неделков: Платите не се превисоки во култура, ниски се во образование
Претседателот на СОНК Јаким Неделков за РСЕ ги коментираше изјавите на министерката за финансии дека имало превисоки плати во културата, која ги спореди со образование. Вели дека е непримерна споредбата и очекува покачување во образование. Но и дека ќе се реши проблемот со високиот број наставници.