„Сè гори“: Украинските војници ја бранат жешката точка во Доњецк
Украинските војници се борат да задржат одбранбените позиции во близина на градот Торецк, додека руските сили се обидуваат да заземат повеќе територија во регионот на Доњецк. Индустрискиот град на фронтот бил релативно мирен до јуни, кога напредните руски трупи ги засилија нападите врз областа. Дописникот на РСЕ, Марјан Кушнир, помина неколку дена со украинските единици кои возвраќаа на руските обиди да напредуваат подалеку во источниот украински регион.