Што по исходот од претседателските и парламентарните избори?
По седум години, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на власт во Северна Македонија. Според резултатите од ДИК, убедливата победа на партијата и донесе 58 пратеници во 120-члениот парламент. СДСМ падна на 18 пратеници што е за еден помалку и од ДУИ. Мицкоски веќе ги испрати во опозиција и најави разговори за влада со „Вреди“ која освои 13 мандати. Што следува?