Што ги предизвика масовните протести во Грузија?
Грузијците на масовни демонстрации од 9 април против таканаречниот Закон за „странски агенти“. И покрај тоа, владејачката партија во Грузија го истурка во второ читање, што ќе влијае на работата на невладините организации кои добиваат странски средства. Како што објаснува Софи Датишвили од грузискиот сервис на РСЕ, многу Грузијци го гледаат предлог-законот како закана не само за граѓанското општество, туку и за европските аспирации на земјата.